Градинките во Англија служaт дивеч: Децата би требало да експериментираат со храна

Готвачите велат дека месото од дивеч е поздраво, поодржливо и повкусно, а проблем во Англија е и порастот на популацијата на дивите елени

65

Како дел од борбата против порастот на популацијата на диви елени, детските градинки Tops Day Nurseries кои управуваат со 32 градинки во Англија, почнале да им служат дивеч на децата. Како дел од нивната кампања Eat Wild, тие вовеле пет јадења со месо од дивеч во нивните менија. На децата ќе им се служат два оброци со месо од дивеч на секои три недели, со што бројката ќе достигне 3.000 оброци месечно.

Раководителот за исхрана во градинките, Пит Тофис, објаснил дека 4.000 деца за првпат ќе вкусат месо од дивеч во јадења кои им се веќе познати, како што се шпагети болоњезе и орзо со месо од дивеч.

„Веруваме дека пробувањето на месо од дивеч и експериментирањето со храна е важно. Храната треба да биде забавна, возбудлива, нова и вкусна“, изјавил тој.

Според Ттофис, хранливата вредност на месото од дивеч е одлична и дека содржи помалку масти, исто толку протеини и хранливи материи како витамин Б12, железо и цинк како и месото што вообичаено го јадеме, како што се говедско, пилешко, јагнешко и свинско.

Исто така, детските градинки експериментираат и со кифлички и хамбургери за деца.

Според Одделот за животна средина, храна и рурални прашања на Англија, во моментов има до 2 милиони диви елени во земјата по двегодишна пауза во уништувањето, за време на пандемијата. Без природни предатори, растечката популација на елени негативно влијае на шумската биолошка разновидност поради прекумерното барање храна. Според Eat Wild, популацијата на елени во Велика Британија ќе продолжи да расте само поради садењето на 30.000 хектари дрвја годишно до 2050 година.

Поради тоа организацијата одлучила да го усмери вниманието на образовниот сектор, кој никогаш не користел месо од дивеч во своите кујни.

„Постојат многу причини зошто е важно воведувањето на диво и одржливо месо во училишните менија. Прво, многу е важно да ја поттикнеме помладата генерација да консумира хранлива храна богата со витамини која ќе им помогне да се развијат. Месото од дивеч не е само поздраво, туку и поодржливо од она што моментално го консумираме. Исто така е многу повкусно“, порачал Леон Чалис-Дејвис, кулинарски директор во Eat Wild.

Повеќе