Како се менуваат жените кога ќе станат мајки? Откако ќе добиете дете, станувате сосема друга личност, вели науката
Многу истражувања докажаа дека бременоста и мајчинството го менуваат мозокот на многу, фасцинантни начини.
Многу жени признаваат дека за време на бременоста и во првите денови од мајчинството ја доведувале во прашање сопствената одлука за родителството и се прашувале дали сепак ќе бидат истата личност. Жените чија кариера е високо на листата на приоритети се запрашале и дали ќе можат да продолжат да градат кариера со дете, пишува mother.ly.
Промена на животниот стил
Невозможно е да се негира дека животот и приоритетите драстично се менуваат по породувањето. Но и вие се менувате. Различни прашања се јавуваат во различни фази од вашиот живот. Животот со новороденче е далеку поинаков од животот без дете, а животот со тинејџер е далеку поинаков од животот со новороденче. Иако вашата главна грижа пред да имате деца можеби беше како да постигнете завидна кариера, по породувањето можеби ќе почнете да се прашувате како да бидете успешни на две нивоа во исто време – како мајка и како вработена жена. Едноставно кажано, преку ноќ ќе станете сосема друга личност.
Науката потврди дека жените се менуваат по бременоста
Scientific American пред неколку години објави дека речиси сите женски цицачи се подложени на „фундаментални промени“ за време на бременоста и по породувањето и дека хормоните на бременост и доење можат да го променат мозокот, зголемувајќи ја големината на невроните во некои региони и создавајќи структурни промени во други. Други истражувања покажаа дека комбинацијата на хормони за бременост и искуството од бременоста и раѓањето ја подобруваат нашата меморија и способностите за учење.
Холандските истражувачи неодамна докажаа дека за време на бременоста феталните клетки влегуваат и се шират низ телото на мајката. Феноменот наречен „микрохимеризам“ се однесува на присуството на клетки „со различна генетска позадина“ во вашето тело. Истражувачите собрале примероци од 26 жени кои биле бремени со синови и утврдиле присуство на хромозомот Y кај сите нив. Ова е цврст доказ дека не сте истата личност откако ќе станете мајка.
Промена на приоритетите
Интересно е што сите мајки во истражувањето одговориле потврдно на прашањето дали чувствуваат дека се промениле откако станале мајки. Сепак, сите сметаат дека кога си бремена, имаш време да размислуваш и да се грижиш за губење на идентитетот, но кога детето е тука, нема време да се грижиш за животот, бидејќи животот со дете е вреден – повреден од стравот од губење на идентитетот.