Ако знаете дека нема да имате доволно поддршка кога ќе се породите, мора да ги имате на ум овие работи
Постпарталниот период, односно периодот откако ќе родите бебе, воопшто не е лесен. Важно е, корисно и добро да се има вистинската поддршка. Но, ако нематe таква поддршка, мора да си помогнете сами…
Многу мајки чувствуваат недостаток на поддршка. Можеби нивните партнери се во странство или работат многу напорно, не им веруваат на своите роднини, можеби се самохрани мајки, можеби имаат проблеми во бракот…
Штом сте мајка, треба да си помогнете за време на бременоста и после породувањето, а што всушност можете да направите?
Подгответе се
Прво, подгответе се за раѓање, доброто искуство на породувањето го олеснува постпарталниот период. Ако знаете дека нема да имате голема поддршка откако ќе дојде бебето, обидете се да планирате однапред.
Малите работи можат да направат огромна разлика во раните денови. Замрзнете неколку оброци, подгответе се за достава на храна, подгответе сѐ што ќе ви треба за вас и за бебето.
Игнорирајте го неважното
Куќата е неуредна? Од едната страна ве „гледаат“ куп алишта, а од другата садови… Заборавете на тоа засега. Домашните работи не се приоритет во моментов. Вие и вашето бебе сте приоритет. Ангажирајте некој да ви помогне за нив.
Вие и бебето сте приоритет
Вашиот првичен фокус треба да биде негувањето на вашето тело. Јадете, спијте, одморете се, галете се со бебето – ова се всушност најважните работи. До себе имате бебе кое е целосно зависно од вас. Најдете време да пронајдете ритам и да се прилагодите.
Верувајте во себе
Вашите мисли се многу моќни. Начинот на кој зборувате си зморувате сами на себе станува навика. Ако вашите мисли се негативни, тоа ќе влијае на вас. Вежбајте едноставни техники како што се преобликување и позитивни афирмации. Не велам дека треба да кажете дека ви е лесно кога не е, туку дека треба да ја признаете вашата реалност и да го прилагодите начинот на кој ги перцепирате работите.
Побарајте помош
Секогаш кога е можно, замолете или побарајте дополнителна помош. Ако немате доволно поддршка околу себе, тоа не значи дека не можете да ја барате. Погледнете и размислете кој би можел прв да ви помогне – соседи, роднини, пријатели или експерти. На интернет има и групи за мајки. Преземете иницијатива да бидете вашиот најголем застапник затоа што знаете што ви треба најмногу – создадете своја виртуелна група на луѓе кои ќе ве поддржат. Движете се. Најдете мајки кои минуваат низ слична ситуација и помагајте си една на друга.
Текстот е од ТУКА.