„Напишете ваш уникатен совет за родителство во форма на кратка приказна (максимум 350 зборови). Потоа, испратете ги приказните на имејл адресата на книжевниот центар „Антолог“: [email protected].
Искористете ја оваа можност за да ги споделите вредните сознанија и искуства кои сте ги стекнале како родители. Целта е да изградиме заедница на поддршка, мудрост и љубов!
Вашата приказна може да инспирира и пружи помош таму каде што е потребно. Заедно, можеме да го направиме родителството уште поневеројатно“.
Станува збор за повик од „Антолог“ до сите родители да учествуваат во нивната специјална „Недела на родителство“.
Најдобрите приказни ќе бидат објавени на нивниот блог, а за оние кои сакаат да останат анонимни, велат од Антолог, анонимноста ќе биде целосно загарантирана.