Бебето со трајна насмевка ќе мора да се оперира

Една студија објавена во 2007 година забележала само 14 такви случаи. Иако оттогаш можеби бројот се зголемил, факт е дека оваа состојба е толку ретка што докторот кој ја породил оваа мајка првпат се сретнал со ваков случај.

240

Бебето Ајлин е родено во Австралија на крајот на минатиот декември, со многу редок синдром наречен „трајна насмевка“.

Кога се родила, родителите биле воодушевени кога првпат го погалиле своето бебе, но веднаш потоа добиле информација дека нејзината уста не е сосема нормална.

Лекарите им кажале дека новороденчето развило балатерална макрозотомија, исклучително ретка состојба кога аглите на усните не се поврзуваат правилно.

Една студија објавена во 2007 година забележала само 14 такви случаи. Иако оттогаш можеби бројот се зголемил, факт е дека оваа состојба е толку ретка што докторот кој ја породил оваа мајка првпат се сретнал со ваков случај.

Претходно, ултразвучните прегледи не ја откриле оваа абнормалност, па лекарите кои го направиле царскиот рез останале шокирани.

Освен тоа, ултразвучните прегледи не ја откриле оваа абнормалност, па лекарите кои ѝ правеле царски рез останале шокирани.
„Штом ја видовме се загриживме. Она што беше најлошо за мене е што на докторот му требаа неколку часа за да ни одговори. Самата болница имаше малку информации за оваа состојба. Размислував каде сум згрешила, дали е до мене, особено затоа што бев толку педантна во текот на целата бременост“, изјавила мајката.

Макростомијата е повеќе од само козметичка абнормалност бидејќи може да влијае на доенчето, особено кога тоа цица. Поради влијанието што го има врз функционалноста, овие пациенти често се оперираат и на тој начин го решаваат овој проблем.

„Допрва треба да ги добиеме точните детали за операцијата, но знаеме дека тоа вклучува затворање на кожата и има минимални лузни“, рекол таткото на детето.

Повеќе