Дали имате лојален партнер? Еве кои се двата знаци кои укажуваат на тоа

Истражувачите откриле дека редовното поминување квалитетно време со партнерот е моќен показател за нечија посветеност на врската. Високо посветените поединци се повеќе мотивирани да бидат со своите партнери, што го прават со тоа што им посветуваат значително време.

196

Многу од нас се борат со целосното верување дека врската во која сме ќе трае. Лошите минати романтични искуства или проекцијата на сопствениот страв од посветеност и ранливост на врската може дополнително да влијаат на овие грижи. Меѓутоа, сознанието дека нашиот партнер е лојален, доверлив и многу посветен може да ги смири овие стравови.

Студија објавена во 2023 година покажала дека индивидуите со високо ниво на посветеност на врската покажуваат две однесувања. Психологот Марк Траверс ја коментирал студијата и навел кои два знака укажуваат дека нашиот партнер е исклучително лојален.

  1. Отворено ви ги потврдуваат своите намери
    „Комуникацијата е крвотокот на секоја врска. Партнерот кој ви е многу посветен ќе ѝ даде приоритет на отворена, искрена и доследна комуникација. Покрај тоа, истражувачите откриле дека високо посветените партнери многу јасно ќе кажат дека имаат намера да градат иднина со вас“, изјавил психологот за Psychology Today.

Таквите личности не се задоволуваат само со повремено признавање на нивната посветеност, туку редовно ја вербализираат својата посветеност на долготрајна врска, секојдневно потврдувајќи ја својата поврзаност со партнерот.

„Дневните афирмации на посветеноста може да изгледаат како планирање на различни заеднички активности, како што е дискусија за патувањето следната година или користење изрази и изјави кои ја одразуваат желбата да се споделува „засекогаш“ и да старееме заедно“, објаснил Траверс.

  1. Обожаваат да поминуваат време со вас
    Истражувачите откриле дека редовното поминување квалитетно време со партнерот е моќен показател за нечија посветеност на врската. Високо посветените поединци се повеќе мотивирани да бидат со своите партнери, што го прават со тоа што им посветуваат значително време.

„Оваа упорност во однесувањето рефлектира вистинска инвестиција во иднината на врската бидејќи партнерите активно даваат предност на меѓусебната присутност и дружењето“, заклучил психологот.

Повеќе