Дали сте слушнале за бебиња кои преживеале вонматерична бременост?

Вероника е бебе кое се родило во Сибир и едно од 625 милиони бебиња кои живееле надвор од матката 9 месеци и се родиле здрави.

432

Една од многу сериозните состојби што може да се појават за време на бременоста е ектопична (вонматерична) бременост, која се јавува кога оплодената јајце клетка ќе се всади надвор од матката.

Ваквата бременост е практично невозможно да се изнесе и најдобро е да се открие на самиот почеток, пред да се развие плодот и да предизвика компликации.
Меѓутоа, во исклучително ретки случаи, овие бебиња може да се родат и да поминат девет месеци во стомакот надвор од матката.

Еден таков случај се случил во Сибир, а мајката (31) немала поим дека бременоста ѝ е проблематична. Забременила по природен пат, а бидејќи немала никакви проблеми поради бременоста, никогаш не отишла на лекар.

Така било и кога почнало породувањето, немала причина да се сомнева дека нешто не е во ред, па решила да го донесе бебето на свет во својот дом.

Почнала да се пораѓа дома и потоа сè почнале компликациите. Породувањето започнало, а потоа одеднаш престанало. Нејзиниот сопруг брзо ја однел во болница каде тим од десет лекари ѝ помогнале да роди девојче. Ја нарекле Вероника, што значи „победничка“.

А дека ова име навистина ѝ прилега сведочи и фактот што само едно од 625 милиони бебиња во светот успева да преживее ектопична бременост.

Условите кои можат да предизвикаат оштетување на јајцеводите и ектопична бременост вклучуваат:
• Пушење
• Воспалителна болест на карлицата – ова е најчесто резултат на инфекција како што се кламидија или гонореја
• Ендометриоза – која може да предизвика лузни на ткивото во или околу јајцеводите

Исто така, одредени медицински третмани може да го зголемат ризикот од ектопична бременост, а тоа се операции на јајцеводот или во карличниот предел, како и вонтелесни методи како што е ин витро оплодувањето.

Повеќе