Дали сте слушнале за фубинг? Погодува сѐ повеќе родители, а е исклучително штетно за децата

Phubbing e израз за луѓе кои го запоставуваат соговорникот поради својот паметен телефон. Експертите предупредуваат дека тоа има негативно влијание и врз децата.

1.075

Во денешното модерно доба, малкумина можат да го замислат животот без мобилни телефони.

Ни служат да одржуваме контакт со пријателите, да нарачуваме храна, да купуваме и да прелистуваме вести.

Сепак, според психолозите, потпирањето на паметните телефони може да има штетно влијание врз нашите односи.

Студијата објавена во Psychological Reports покажала дека луѓето кои се зафатени со phubbing се помалку задоволни од нивните романтични врски и го оценуваат нивниот квалитет како понизок. Што точно е phubbing?

Овој термин е комбинација од два англиски збора – phone (телефон) и snubbing (игнорирање). Значи, тоа е израз за луѓе кои го запоставуваат соговорникот поради својот паметен телефон. Експертите предупредуваат дека тоа има негативно влијание и врз децата.

Д-р Мери Алворд, коавторка на книгата Conquer Negative Thinking for Teens, ја нагласила важноста од давање внимание на децата кога им е потребно.

„Мислам дека важното прашање е дали родителите обрнуваат внимание на своите деца кога им е потребно. На сите понекогаш им се случува да се исклучат поради мобилните телефони, но клучно е колку често се случува тоа”, вели таа.

Психотерапевтката Фелис Мартин се согласува дека игнорирањето може да влијае на децата, и физички и психички.

„Родителите се потпираат на паметните телефони речиси за сè, создавајќи чувство на зависност. Всушност, често слушаме родители кои коментираат дека не можат никаде да одат без својот телефон“, истакнува таа.

Експертите веруваат дека е важно да се подигне свеста за фубингот, како поради благосостојбата на децата, така и поради партнерските односи.

Повеќе