Експертка за плодност тврди: Веганската исхрана може да ги намали шансите за забременување

Понекогаш им кажувам на жените кои се обидуваат да забременат и имаат намалено ниво на некои хранливи материи дека добро би им дошло да почнат да јадат мали количини месо и риба, вели експертката за плодност. Грејс Дагдејл

194

Околу 3 отсто од луѓето во Велика Британија не јадат храна од животинско потекло, покажува истражувањето спроведено од YouGov. Но, репродуктивниот биолог Грејс Дагдејл предупредува дека иако исхраната богата со овошје, зеленчук и мешунки е здрава, веганската исхрана може да предизвика проблеми кај жените кои се обидуваат да забременат.

Имајќи предвид дека им недостигаат важни хранливи материи во нивната веганска исхрана, таа советува дека би можело да биде корисно повторно да почнат да јадат мали количини месо и риба. Веганите се изложени на ризик од недостаток на цинк, железо и витамин Б12 бидејќи не јадат месо. Друг проблем е недостатокот на омега-3 масни киселини кои се добиваат од масните риби и јод кој го има во белата риба.

Дагдејл вели: „Ако веганите и вегетаријанците не земаат соодветни додатоци, можеби ќе треба да го надополнат тој недостаток за да ги обноват резервите на овие хранливи материи во нивното тело“.

Таа зборувала на саемот за плодност што се одржал во Лондон. „Целосно ги разбирам етичките и еколошките причини зошто луѓето прифаќаат веганска исхрана и луѓето мора да го прават она што мислат дека е правилно за нив. Но, понекогаш им кажувам на жените кои се обидуваат да забременат и имаат намалено ниво на овие хранливи материи дека добро би им дошло да почнат да јадат мали количини месо и риба“.

Повеќе