Децата кои не спијат доволно има поголеми шанси да заболат од мултиплекс склероза

Експертите веруваат дека децата, односно тинејџерите кои не спијат доволно, се изложени на поголем ризик од мултиплекс склероза, пренесува The Sun.

162

Спиењето помеѓу седум и девет часа секоја вечер е од суштинско значење за одржување на добро здравје, покажуваат бројни студии. И сега експертите веруваат дека децата, односно тинејџерите кои не спијат доволно, се изложени на поголем ризик од мултиплекс склероза, пренесува The Sun.

Имено, група научници од Шведска откриле дека младите луѓе кои спијат помалку од седум часа во текот на ноќта имаат и до 40 отсто поголеми шанси да заболат од мултиплекс склероза во текот на животот, отколку оние кои спијат повеќе. Недостатокот на сон може да предизвика сериозни здравствени последици за децата, вклучувајќи хронична болка и замор, како и проблеми со рамнотежа и концентрација.

Истражувачите ги анализирале моделите на спиење на повеќе од 5.000 возрасни лица за време на нивните тинејџерски години, од кои некои имале мултиплекс склероза, додека други не. Испитаниците кои спиеле помалку од седум часа секоја вечер имале, во просек, 40 отсто поголем ризик за подоцна да развијат мултиплекс склероза. Според NHS, на тинејџерите им требаат минимум девет часа сон.

Повеќе