Дете на поводник

Како што сфативме јас и мојот сопруг, имавме два избора: да одгледаме ќерка како дете од филмот „Соба“, која никогаш нема да го гледа надворешниот свет или да нарачаме поводник за деца преку Интернет. Го избравме ова второто“, признава мајка и жали затоа што некогаш го осудувала тоа

365

Мајка признава дека го води детето на поводник и жали затоа што некогаш го осудувала тоа
Истражувачката и писателка Сара Сахагијан од Торонто, која главно се занимава со феминистички теми, за HuffPost го опишала своето искуство во водење на дете на поводник.

Таа се сетила на нејзината прва средба со ова
„Првиот пат кога видов дете на поводник, имав 8 години и шетав со семејството. Во толпата, мајка ми и татко ми најдоа семејство што го познаваа. Додека возрасните разменуваа љубезни поздрави, видов поводник на нивното двегодишно дете. Тоа го запрепасти мојот предпубертетски ум“, раскажува Сара.

„Извинете, дали е тоа поводник?“ прашала таа, шокирана од глетката, а родителите лежерно одговориле дека е така, објаснувајќи дека во спротивно девојчето ќе побегнело. „Во тој момент знаев каков родител сакам да бидам; тој поводник претставуваше се што не би направила за да ја задушам слободата на моето дете. Никогаш не би го третирала своето идно дете како затвореник“, заклучила таа тогаш.

Го задржала тој став до средината на 20-тите години

Во друштво таа често го раскажувала ова искуство и ги критикувала родителите на девојчето. „Дали треба да бидеме физички врзани за нашите деца?“ се потсмевала таа.

Кога дознала дека е бремена два дена пред нејзината венчавка, била воодушевена. Имала 33 години, била целосно подготвена за се што носи мајчинството и сонувала за се што ќе ѝ донесе иднината. Многу деца, забавни моменти, слобода и истражување. Таа решила да му биде поддршка на своето дете, како и на сите идни деца што планира да ги има, да им овозможи слободно да го истражуваат светот, да ја развиваат креативноста. Таа одлучила да биде водич за децата, а не нивен авторитарен лидер.

Во најголем дел, вели таа, не можела доволно да се подготви за она што следува. Нејзиното дете на 11 месеци се обидувало да скокне од мебелот и да се качи на полиците со книги. Се чинело дека нема никаква заштита која би можела да го заштити нејзиното дете од излегување од оградичката за игра.

Надвор од границите на домот работите биле многу потешки


Се трудела да ја држи ќерка си што повеќе во количката, барем покрај улици или места каде што има преголема концентрација на луѓе, но во знак на протест таа ги фрлала чевлите додека не ја пуштат слободно да трча и да истражува.

Како што сфативме јас и мојот сопруг, имавме два избора: да одгледаме ќерка како дете од филмот „Соба“, која никогаш нема да го гледа надворешниот свет или да нарачаме поводник за деца преку Интернет. Го избравме ова второто“, признава таа.

„Минатиот месец, мојата ќерка и јас имавме една од нашите авантури на поводник во трговскиот центар, привлекувајќи го вниманието на многу случајни минувачи. Во еден момент убаво облечен господин го следеше моето дете додека седев на валканиот под од трговскиот центар, туркајќи ѝ ја десната нога назад во чизмата што таа ја фрли по седми пат тоа попладне. Тој му рече на својот пријател: „Сериозно? Оваа жена мисли дека нејзиното дете е пудлица!“

Господинот не се свртел на нејзина голема жалост затоа што ќе имал што да види.
Го кренала средниот прст кон него. „Додека размислував за моите први години како мајка, поводникот на моето дете може да се протолкува како симбол на неуспех. Мислам, објективно не ја исполнив мојата фантазија за одгледување мало дете кое ќе се шета покрај мене во природа.

Но знаете што? Тоа е во ред. Вршењето родителска работа бара ослободување од тие наивни фантазии за тоа како треба да изгледа родителството“, вели Сара.

Пред да станеме родители, лесно е да се каже дека нашите деца нема да зјапаат во цртани филмови, да тврдиме дека ќе користиме само платнени пелени или дека децата сами ќе заспиваат од 5 месеци.

Што навистина научила за родителството и што е нејзиното најголемо жалење?
„Но, реалноста е следна: родителството е куп најдобро поставени планови кои се испревртуваат кога малото човечко суштество со својата слободна волја конечно ќе се пресели во вашиот дом“, вели Сара.

„Како нова мајка, решив да го трансформирам мојот неуспех да ги исполнам моите нереални родителски очекувања во успех: Успешно се прилагодив на воспитувањето на живото, авантуристичко, супербрзо дете што всушност го имам. Моето единствено жалење? Не е поводникот туку тоа што со години им судев на другите родители, пред да станам и самата таква“, заклучила таа.

Повеќе