Девојче починало откако проголтало батерија

Несреќната мајка апелира до родителите да бидат внимателни

1.726

17-месечната Рис Хемсмит се разбудила во октомври 2020. година во лоша состојба. Таа шмркала и отежнато дишела. Мајката Триста веднаш се јавила кај педијатарот и го однела детето. На девојчето ѝ препишале лекови и го испратиле дома.

Но, нејзиното тело горело однатре заради батеријата заглавена во грлото. Дури подоцна, кога родителите забележале дека недостасува батерија од далечинскиот управувач, сфатиле што се случува.

Тие веднаш се упатиле кон итната помош и нивните стравови биле потврдени. Рис ја проголтала батеријата, која направила дупка во нејзиниот хранопроводник. За неколку недели, во декември 2020 година, девојчето починало и покрај бројните медицински процедури и долгото закрепнување во болница.

Сега Триста и нејзиното семејство ја споделуваат оваа приказна со надеж дека ќе ја спречат прераната смрт на другите деца.

„Во САД се забележани 4.000 случаи на голтање копчиња-батерии во 2020 година“, се вели во петицијата на семејството, со надеж дека ќе се соберат 150.000 потписи за да се донесе закон што ќе постави стандарди за употреба на такви мали батерии.

„Се проценува дека се пријавени само 11 отсто од сите случаи, што значи дека тоа им се случува на околу 36.000 деца годишно. Ова може да се спречи“, се додава во петицијата.

Што е копче – батерија?

Копче-батериите се мали, рамни, тркалезни батерии што се користат во некои апарати за домаќинство. Кога батериите доаѓаат во контакт со вода (или плунка), електричната струја ја разградува водата, создавајќи корозивна супстанција слична на средство за чистење на рерната. Дури и кога се стари, батериите можат да произведат доволно електрична енергија за да предизвикаат изгореници во телото.

Батериите – копчиња може да се најдат во часовници, далечински управувачи, термометри, калкулатори, привезоци што светат, лажни свеќи, ваги, слушни помагала и запалени патики и облека.

„Да ги спасиме нашите деца“, вели Триста, повикувајќи ги родителите да ги проверат предметите во нивниот дом што имаат вакви батерии и да ги чуваат подалеку од дофат на децата.

Повеќе