Инструкторка за масажа на бебиња тврди дека овој трик за заспивање на бебето секогаш успева (ВИДЕО)

Сертифицирана инструкторка по масажа на ТикТок споделила трик кој ќе ви помогне да го заспиете бебето во два едноставни чекори.

383

Инструкторката по масажа Елина Фурман на ТикТок споделила трик кој ќе ви помогне да го заспиете бебето во два едноставни чекори. Како што тврди таа, овој трик функционира секој пат, а го демонстрира на кукла.„Прво нежно поминете со показалецот од челото кон носот, а потоа нежно тријте ги веѓите од внатре кон надвор“, напишала таа.

Елина има серија од видеа на нејзината страница кои покажуваат како масажата може да му помогне на бебето кое се бори со грчеви или запек. Таа неодамна објави уште една техника за масажа на бебиња која може да им помогне побрзо да заспијат.

Во неа, таа повторува два чекори од првото видео, но додава и трет, кој вклучува притискање на точка до увото на детето и масирање со кружни движења.

Специфичните техники што ги користи Елина не се научно докажани, но масажата за бебиња наводно има различни придобивки.

Според National Childbirth Trust (NCT), тоа е исто така добар начин да се поврзете со вашето бебе.

„Масажата на бебето подразбира нежно, ритмичко галење на телото на вашето бебе со раце. Како дел од рутината за масажа, можете нежно да манипулирате со глуждовите, зглобовите и прстите на вашето бебе. Денес е актуелно мислењето дека масажата на бебето може да ја зголеми свеста на мајката заа потребите на нејзиното бебе и да ја поддржи нивната рана поврзаност, особено ако мајката страда од постпородилна депресија или други проблеми со менталното здравје“, велат тие.

NCT наведува дека многу мајки кои практикуваат масажа на бебиња изјавиле дека нивните деца спијат подобро, но тоа не е докажано.

Повеќе