Англичанката Даниел Батерли му дала на својот двегодишен син банана и излегла на кратко од собата. Кога се вратила после неполни 30 секунди сфатила дека нешто не е во ред, тој мавтал со рацете и го видела како се гуши.
Даниел се борела да го оживее својот син додека семејството повикало брза помош.
Нејзиниот зет Брајан Вилијамс, кој работи како полицаец, во тоа време бил на должност и истрчал на итниот повик, не сфаќајќи дека станува збор за неговиот внук.
Даниела во истрагата изјавила дека за вечера му дала парче банана. Рекла дека го тапкала по грбот и се трудела максимално за да го оживее.
Таа во изјавата рекла:
„Брзо сфатив дека нешто не е во ред. Тој мавташе со рацете и го видов како се гуши. Пробав сè. Не можам да го опишам звукот што го испушти“.
Даниела повикала брза помош и добила совет како да му помогне на Дилан. Таа рекла дека нашла парче банана во грлото на нејзиниот син целосно заглавено и не се мрдало.
Пристигнала и полиција со брза помош, но дури кога Вилијамс пристигнал во куќата сфатил дека детето е неговиот внук.
Вилијамс, чија сопруга е сестра на Даниел, вели дека бил шокиран кога влегол во куќата. Тој ја изнесол Даниел од собата додека лекарите се обидувале да го реанимираат Дилан, кој бил однесен во болница, но починал подоцна истата вечер, додавајќи:
„Никогаш нема да можам да ја заборавам таа ноќ“.
Откако ја прочитал изјавата на Даниел, судскиот вештак ѝ рекол:
„Не можам ниту на секунда да замислам колку ви е тешко.
На крајот дал заклучок за несреќната смрт предизвикана од застој на срцето заради задушување од банана и рекол дека бананата му ја дала на Дилан на сосема соодветен и нормален начин.
Повеќе