Еве го најлудиот тест за откривање на полот! (ВИДЕО)

Порано, кога немало ултразвук, а луѓето биле нетрпеливи за да го дознаат полот на бебето, смислувале разни начини кои, наводно, покажувале каков пол ќе биде бебето што треба да се роди. За овој со зелкава досега не сме слушнале…

391

Постојат најразлични приказни кои се, наводно, сигурни методи за предвидување на полот на бебето што треба да се роди.

Ако сте бремени, а немате трпение да почекате до оној период кога докторот ќе може да ви го соопшти полот на бебето, можете да испробате некоја од тие бабини деветини што секогаш кружат и само се надополнуваат со нови.

Не дека веруваме во нив, ама ете, сепак е добро што се уште има луѓе кои сметаат дека човек се раѓа како маж или како жена.

Односно, онакви кои мислат дека опшеството треба да се раководи според полот, заснован на биологијата, науката и фактите, а не според некакви си родови (или безброј родови), засновани на внатрешното, субјективно чувство.

Друга работа е кога станува збор за интерсекс, односно, кога бебето има сексуални карактеристики на двата пола или неговите надворешни и внатрешни полови органи не се вклопуваат во вообичаената поделба на машки и женски.

Но, според податоците на Обединетите нации, ваквите луѓе во светот се исто толку ретки, како и, на пример, црвенокосите луѓе.

Но, тоа е веќе друга тема.

Да се вратиме на оние за кои се уште важат старите добри поделби на машки и женски.

Значи, некои од бабините деветини за откривање на полот се:

Начинот на кој лежите: Онаа страна на која легнувате кажува што носите – ако лежите на левата страна, тогаш носите момче, а ако лежите на десната, девојче.

Teст со ѓердан: Начинот на кој се ниша ѓерданот кој, нели, треба да се држи над стомакот на бремената жена, покажува дали носи момче или девојче.

Ако оди напред-назад, тогаш ќе биде момче. Ако се движи во кружни насоки, ќе биде девојче.

Желба за јадење: Се смета дека ако сакате да јадете слатки работи, тогаш носите девојче, додека оние што јадат повеќе солени јадења во текот на бременоста, носат момче.

Изгледот на стомакот: Ќе биде машко ако стомакот на жената е испакнат нанапред, а женско, ако оди во ширина.

Бојата на брадавиците и уште нешто: Ако брадавиците на идната мајка се светли и ако трудницата прави исчекор постојано со десната нога, ќе биде машко.

Ќе биде девојче ако брадавиците на идната мајка се темни и ако трудницата прави исчекор постојано со левата нога.

Исто така, ќе биде женско и ако идната мајка има чести утрински мачнини и ако ѝ се влоши изгледот на кожата.

Тука има и безброј експерименти, како на пример оној со ставање сол врз главата на трудницата.

Сол на глава: Ако се почеша за главата, а потоа се фати за устата, ќе било девојче, а ако се фати за носот, ќе било машко.

Тест со сода бикарбона: Овој тест, велат, со 80 % на точност може да ви го открие полот на бебето, а можете да го направите дома со сода бикарбона и со урината на мајката.

Двете состојки спојте ги во еден сад и набљудувајте.

Доколку смесата почне да пени, носите момче, доколку ништо не се случува, носите девојче.

Тест со црвена зелка: Еден од најчудните е и овој кој го најдовме на Инстаграм, а се прави со црвена зелка.

Погледнете го видеото подолу и видете што треба да направите.

Повеќе