Со пеење до здрава тироидна жлезда

Дали страдате од нарушувања на тироидната жлезда? Излечете се со пеење!

578

Мала жлезда во облик на пеперутка, тироидната жлезда, се наоѓа во долниот дел на вратот, поточно помеѓу гркланот и средината на клучната коска.

Денес за неа можеме да слушнеме само кога станува збор за пореметувања во нејзината работа, без разлика дали се работи за хипотироидизам или хипертироидизам.

Тироидната жлезда е главната жлезда кога станува збор за метаболичките функции во организмот.

Колку побрзо функционира вашиот метаболизам, толку побрзо согорувате калории. Ова е причината зошто бавната функција на тироидната жлезда – хипотироидизам – може да доведе до зголемување на телесната тежина.

Но, нејзиниот облик и големина, како и работата, силно се рефлектираат и во вашиот глас.

На пример, луѓето кои страдаат од хипотироидизам често имаат подлабок и потреперлив глас од вообичаеното, нивниот глас се чувствува уморен и тешко дишат. Тие, исто така, побрзо се уморуваат кога пеат.

Рускиот лекар д-р Олег Торсунов им препорачува на своите пациенти, особено на оние кои страдаат од забавена функција на тироидната жлезда – токму пеење!

Тоа не е воопшто чудно кога ќе се земе предвид фактот дека и самата тироидна жлезда сместена на вратот се наоѓа во близина на гласните жици на кои влијае.

Негативни емоции – тригер за нарушувања на тироидната жлезда

Лекарот Торсунов ја поврзува болеста на тироидната жлезда со потиснатите емоции.

Тој верува дека целиот наш ендокрин систем (вклучувајќи ја и тироидната жлезда) е тесно поврзан со нашите емоции, особено со емоцијата на љубовта.

Луѓето со нарушувања на тироидната жлезда често се многу чувствителни и длабоко го преживуваат она што им се случува без да знаат како да го сторат тоа.

Според д-р Торсунов, токму негативните емоции се складираат во оваа мала жлезда и потоа доаѓа до нарушување во нејзината работа.

Самиот збор „емоција“ укажува на потребата за движење. Затоа, пеењето ќе предизвика ослободување на насобраните негативни емоции.

Др. Торсунов советува што почесто да пеете весели песни, со радост и љубов.

„Благодарение на пеењето, ќе попуштат емоционалните стеги во тироидната жлезда. Јазлите на тироидната жлезда сами ќе исчезнат“, вели д-р Торсунов.

Според мислењето на овој доктор, треба да се пеат весели и радосни песни и кога сме нерасположени и нешто не мачи.

Пеењето брзо ќе ја растера и таа негативност.

Придобивките од пеењето (не само) за тироидната жлезда

1. Ги подигнува енергијата и духот и го подобрува општото здравје

Луѓето кои често пеат со радост се чувствуваат подобро, имаат повеќе енергија и согоруваат калории уште побрзо благодарение на работата на нивните гласни жици.

Истражувањата покажале дека пеењето делува како инфузија, која носи хармонија, совршено го смирува нервниот систем и го подига еланот.

2. Ја стимулира функцијата на тироидната жлезда

Иако обичниот говор и вокализацијата на некој начин влијаат на тироидната жлезда, сепак пеењето има далеку посилен ефект.

Пеењето создава посложени вибрации кои се емитуваат и се рефлектираат на тироидната жлезда. На овој начин се стимулира нејзината работа, а се стимулира и заздравувањето на тироидната жлезда кај луѓето кои страдаат од нарушувања на оваа жлезда.

3. Ги брка лошите мисли и носи добро расположение

Не велат без причина – кој пее не мисли зло!

Со пеење весели песни ќе ги избркате лошите мисли и ќе се исполните со добри вибрации.

Доброто расположение позитивно влијае на здравјето не само на тироидната жлезда, туку и на целиот организам.

  4. Го намалува чувството на болка

Освен што се чувствуваме подобро благодарение на пеењето, вибрациите кои се јавуваат при оваа активност влијаат и на чувството на болка и не прават да ја чувствуваме помалку.

 Дополнителен совет од д-р Књазкин за хипотироидизам

Рускиот лекар Игор Књазкин ги советува луѓето кои страдаат од хипотироидизам да го искористат црвениот кромид.

Навечер црвениот кромид преполовете го и оставете малку да се исцеди сокот.

Потоа, со секоја половина пред спиење, тријте ги со кружни движења двете страни на долниот дел од вратот, каде што е тироидната жлезда.

Оставете го сокот од кромидот да делува до утрото и измијте го вратот откако ќе се разбудите.

Во комбинација со пеење, овој метод исто така може да ви користи многу.

Повеќе