Истражување потврди дека децата кои поминуваат часови пред екраните, доцнат во развојот

Научните студии докажаа дека децата кои поминуваат многу време пред екраните – телевизори, компјутери, таблети и телефони – имаат доцнење во развојот. Имено, екраните може лошо да влијаат врз комуникативните вештини на децата

403

Децата кои минуваат часови пред уредите со екрани би можеле да се соочат со побавно решавање на проблемите и побавна комуникација, предупредува ново истражување на Универзитетот Тохоку во Јапонија.

Испитувањата опфатиле 7.097 деца и велат дека колку повеќе едногодишните деца гледаат во екран, толку е поголемо влијанието врз нивниот развој.

Оние кои гледале телевизија или таблет повеќе од четири часа дневно во текот на првата година од животот доживеале доцнење во развојот. Меѓутоа, кај деца со четири години, социјалните и личните вештини и решавањето проблеми се совпаднале со оние на нивните врсници.

Стручните лица забележуваат и дека јазичните вештини на некои деца се подобриле доколку уредите со екрани се користеле за образовни цели. Родителите ги пополнувале потребните прашалници за развојот на нивното дете. Авторот на студијата, д-р Таку Обара заклучува дека поголемото време пред екранот на возраст од една година е поврзано со развојни доцнења во комуникацијата и решавањето проблеми на возраст од две до четири години.

Повеќе