Пробувањето нова храна е интересно искуство за секое бебе, ама дефинитивно не е исто кога се пробува, на пример, брокула и кога се пробува сладолед.
Неодамнешното вирално видео го докажува тоа. Мајката Британи Џерниган, на социјалните мрежи сподели видео од првото вкусување на сладолед на нејзиното девојче Блејкли, а нејзината реакција воодушеви многумина.
Штом девојчето го проба сладоледот, широко ги отвори очите и го грабна сладоледот со двете раце. Нејзиното лице открива дека е повеќе од воодушевена.
Бидејќи ваквите видеа се навистина слатки, ова собра повеќе од 4,6 милиони прегледи. Патем, не сме поддржувачи на објавувањето на деца на социјалните мрежи, ама кога не му ја мислат нивните родители…