Кој чека ќе дочека: Децата му купиле на својот татко подарок за кој сонувал цел живот

Кога ќе ја добиете играчката што сте ја посакувале уште многу одамна…Радоста е голема дури иако ја добиете на 60-тиот роденден

1.666

Децата секогаш успеваат да ги разнежнат родителите со своите подароци, без разлика дали се тоа ситници или не.

Снимката споделена на Тик-Ток од Рејчел Елеонор ја покажува реакцијата на нејзиниот татко на подарокот за кој сонувал уште кога бил дете.

Открила дека таа и нејзините браќа решиле да му го дадат тој подарок за неговиот 60-ти роденден.

Уште на почеток гледаме дека е таткото воодушевен бидејќи неговиот подарок е во голема лего торба.

Откако го извадил својот подарок од чантата, тој открил огромен Millenium Falcon Lego сет од франшизата „Војна на ѕвездите“. Изгледа пресреќен и трогнат.

Овој гест воодушеви многумина, а видеото собрало повеќе од 1,4 милиони прегледи и над 164.100 лајкови.

@rachel_eleanor_

I am so grateful that we were able to gift this to my Dad for his 60th Birthday🤍 He has wanted it ever since he was a child and it was worth every penny✨ Best kept secret of the century #starwars #lego #millenniumfalcon #60thbirthday #dad #family #blessed @Star Wars #disney #legomillenniumfalcon @Disney+

♬ M83 x Star Wars Theme MIX – Hannah
Повеќе