Копи пејст модел! Рекламите и инфлуенсерите многу влијаат на навиките на младите

Дури и еден час дневно на социјалните мрежи го зголемува ризикот детето да почне да пуши

54

Експертите открија дека колку повеќе време младите поминуваат на социјалните мрежи, толку е поголема веројатноста тие да стекнат нездрави навики, како што се пушење обични или електронски цигари.

Поврзаноста била уште поочигледна кај почестото користење на социјалните мрежи: оние кои поминувале седум часа дневно на нив имале дури четири пати поголем ризик да почнат да пушат е-цигари“ и осум пати поголем ризик да почнат да пушат обични цигари во споредба со оние кои не користат социјални медиуми или ретко го прават тоа.

Поттикнуваат пушење

Во истражувањето, објавено во списанието Торакс, биле вклучени податоци од 10.808 луѓе на возраст од 10 до 25 години.

Авторите на студијата и научниците од Imperial College London School of Public Health откриле дека само 0,8 отсто од оние кои не користеле социјални мрежи пушеле е-цигари, наспроти 2,4 отсто од оние кои ги користеле еден до три часа на ден, 3,8 отсто од оние кои ги користат социјалните мрежи четири до шест часа дневно и четири отсто од оние кои ги користат повеќе од седум часа на ден.

Што се однесува до пушењето обични цигари, се покажало дека два отсто од испитаниците кои не користат социјални мрежи пушат, дури 9,2 отсто од оние кои ги користат еден до три часа дневно, 12,2 отсто од оние кои ги користат социјалните мрежи четири до шест часа дневно, а 15,7 отсто од оние кои ги користат повеќе од седум часа дневно.

Социјалните мрежи може да го поттикнат пушењето и употребата на електронски цигари со насочени реклами и употреба на влијателни лица кои ги плаќаат производителите на тутун и е-цигари, сметаат научниците, нагласувајќи дека младите треба да бидат подеднакво заштитени на интернет како и во реалниот живот и дека владејачките структури треба да размислат за начинот на кој тоа може да се постигне.

Повеќе