Луѓе кампувале 3 дена пред болница за да го дочекаат раѓањето на бебето (ВИДЕО)

Група луѓе решиле да чекаат за да се роди бебето на болничкиот паркинг бидејќи не можеле да одат во болницата поради ограничувањата заради Ковид-19. Нивното чекање на крајот се исплатело, а видеото од тридневното дружење стана вирално на TikTok.

254

„Ни повикаа обезбедување за чекање пред болница“, е описот на видеото кое за една недела собрало дури 13,5 милиони прегледи.

„Сестра ми треба да се породи, но поради ковидот можеме да бидеме само на паркингот под нејзината болничка соба. Погледнете до крај, се исплати“, е пораката на почетокот на видеото објавено од @charishernandezart. .

Првин набавуваат залихи во продавницата, а потоа седнуваат во пикап со пријателите и започнува исчекувањето. Тие правеле и мотивациски пораки кои ги ставале на шофершајбните на паркираните автомобили.

Потоа се појавила и трудницата, која со сопругот излегла од болница.

Како што се приближувал денот, им се придружиле повеќе луѓе, како и идниот татко, кој доаѓа да ги апдејтува вестите. До 23 часот немало напредок, но продолжиле да чекаат.

Вториот ден во 19 часот дознале дека се ближи породувањето. Како што паднала темнината, тие гледаат низ двоглед кон болничката соба.

Конечно, на третиот ден во 5:30 часот се родило бебето, а таткото го покажува на болничкиот прозорец, момент кој неверојатно потсетува на сцена од Кралот Лав.

Повеќе