На 32 години има дури 12 деца

Бритни Чрч го родила своето прво дете шест дена откако го прославила својот 16-ти роденден. И оттогаш не застанала.

188

Американката Бритни Чрч го родила своето прво дете шест дена по својот 16-ти роденден. И оттогаш не застанала. Со првиот сопруг добила уште четири деца, а во 2010. година се развеле. По разводот била претпазлива, но во 2012 година неочекувано забременила. Таа поминала три години сама одгледувајќи шест деца, се до 2014. година кога го запознала сегашниот сопруг Крис, со кој имала уште шест деца. Пред две години родила тројки, а пред една година најмалото дете. Таа поминала вкупно 88 месеци бремена или седум години и четири месеци од животот.

„Не уживам толку во бременоста, но би го направила тоа повторно кога би требало. Многу ги сакам своите деца“, изјавила таа.

Бритни и Крис со семејството трошат по пет кутии житарки, пијат 66 пакувања млеко и искористуваат 600 пелени за само седум дена.

„И покрај тоа што мислат луѓето, мојот живот не е хаотичен и не морам да се потпирам на финансиска помош за да го прехранам семејството. Луѓето имаат толку многу погрешни претпоставки за нас кои едноставно не се точни“, додала таа претходно за CafeMom.

Иако претходно изјавила дека сака уште деца, сега тоа е на чекање. Признава дека е тешко да се одгледуваат четири деца помали од три години.

Повеќе