10-годишно девојче ја чува сестричката за време на настава

Десетгодишно девојче од Индија се грижи за својата сестричка за време на часовите бидејќи нејзините родители работат на поле

96

10-годишното девојче преку ноќ стана интернет сензација. Нејзината фотографија на која седи во училницата со сестра си во скут, беше објавена на Твитер и воодушеви многумина.

Бев импресиониран од нејзината посветеност на образованието“, напиша индискиот политичар Бисвајт Тонгам покрај фотографијата.
Тој открил дека девојчето се вика Мајнингсинлиу Памеи и дека живее во Манипур, каде што за време на наставата се грижи за нејзината сестричка додека нејзините родители работат на полињата.

Тонгам бил трогнат од сцената и стапил во контакт со нејзините родители и ветил дека лично ќе и помогне околу образованието додека не дипломира.

Повеќе