Наместо забава за дарување на бебето, ги замолила пријателките да ѝ ја исчистат куќата

Наместо забави за откривање на пол, за дарување на бебето и што ли уште не, еве конечно една добра идеја

248

Организирањето забави за дарување за идните родители и нивните неродени бебиња е традиција која постои во САД од 1930-тите, а во последната деценија стана популарна и на нашите простори. Сепак, тоа не значи дека им одговара на сите.

31-годишната трудница Ниа Луи неодамна стана вирална бидејќи наместо типична забава, реши да приреди нешто сосема поинакво. Ги замолила пријателите да ѝ помогнат да ја исчисти куќата.

„Сè беше организирано од мојата пријателка Бри. Ѝ испратив список со работи што сакав да ги завршам пред да дојде бебето, а таа направи картички со задачи за секој гостин“, вели таа во видеото кое собра над милион прегледи на Тик-Ток.
Ниа се шегува дека ја презела улогата на надзорник, кажувајќи им на пријателките каде сака да биде мебелот и што да прават со него. На крајот вечерала со другарките, разговарале и се дружеле.

„Сѐ беше прекрасно и се чувствувам поподготвена за доаѓањето на бебето. Топло препорачувам вакви забави“, заклучила таа.

@nialui21

Replying to @Haley Sheppard Every pregnant mom needs a nesting party. If you’re pregnant and don’t want a baby shower, do this. If you have a pregnant friend, do this for them! #nestingparty #nestingmom #nestingmode #pregnantmom #pregnancy #babyshower #nestingmama #thirdtrimester #ittakesavillage #myvillage @Bri Welcker

♬ original sound – Nia Mullet Mom
Повеќе