Не фаќај од земја, нечисто е!

Облечи го, ќе настине, измиј ја играчката пред да му ја дадеш, дај му антибиотик со време, не се валкај, кал има…. Дали и вие ги правите истите грешки?

252

Првата грешка што ја прават родителите е тоа што ги претоплуваат бебињата, а треба токму спротивното – бебињата се чувствителни на претоплување. Понатаму, чувањето на детето во речиси стерилно опкружување има за последица слабеење на имунитетот. Избегнувајте антибиотици! Децата треба да се исчеличат!

„Не го фаќај тоа, падна на земја, валкано е“, чудно е колку е оваа реченица почеста кај нас отколку во било која друга западна земја, особено затоа што стравот на родителите во овој случај е непотребен – такво нешто не може да го загрози здравјето на детето.

Слично е и кога родителите, грижејќи се за здравјето на децата, претеруваат во претоплувањето. А познато е дека најдобар начин да му се изгради имунитет на детето е такашто треба да му се дозволи контакт со повеќето потенцијални извори на зараза – прашина, кал, песок, валкани раце…

Чувањето на детето во речиси стерилно опкружување има за последица слабеење на имунитетот!

Родителите ги држат децата под стаклено ѕвоно, а тоа не е воопшто добро. Нормално е родителите да сакаат да ги заштитат своите деца од сѐ што може да им наштети, особено од бактериите кои предизвикуваат болести. Меѓутоа, според педијатрите, децата мораат да имаат контакт со бактерии затоа што единствено така нивниот имунолошки систем ќе знае да ги препознае, а потоа и да ги уништи.

Примерите кои можат да се видат во зима во земјите како што се Шведска, Данска или Исланд, за многу родители кај нас се несфатливи. Наредените колички за бебиња на тротоарите пред кафулињата и рестораните, додека надвор фучи ветер или паѓа снег, е нормална појава во овие земји.

Додека родителите внатре пијат кафиња и чаеви, нивните потомци спијат завиткани на температури под нулата. И кога се дома, за попладневното спиење на бебето, родителите ќе ја извадат количката со бебето на тераса, за бебето да не го пропушти редовното дневно челичење на остриот северен воздух.

Зад оваа пракса стои популарното уверување дека престојувањето на свеж воздух ги прави децата поотпорни на вируси и настинки, а дека престојот во затворен простор не е здрав и ја зголемува можноста од зараза.

Претоплување на децата

Првата грешка која ја прават родителите е тоа што ги претоплуваат бебињатам затоа што мислат дека се склони кон настинки. Тоа е целосно пгрешно. Токму . Бебињата се чувствителни на претоплување.

Не треба да се виткаат и дополнително да се покриваат, да им се облекуваат чорапи и капи, особено ако се дома, а просторијата во која престојуваат не треба да е потопла од 22 степени. Во спротивно, може да дојде до оштетување на тернорегулацискиот систем, поради што подоцна во животот таквото дете може да е зимурливо и склоно кон настинки.

Претерување во одржувањето хигиена во просторот

Ова може да доведе до пореметување на имунитетот на бебето и да придонесе за настанок на алергија, астма и егзема. Секако, одржувањето на хигиената е многу важно, но тоа не значи дека човек треба да живее во целосно стерилна средина.

Современите средства за хигиена придонеле за искоренување на многу болести, но ако се претерува во употребата на средства за чистење, средината во која детето живее станува „тригер“ за настанок на имунолошки пореметувања.

Има родители кои не ги испраќаат децата во градинка за да не се разболуваат, а не сфаќаат дека на тој начин тие стекнуваат имунитет. Ако во градинката не се сретнат со инфекциите, тогаш истото ги чека кога ќе тргнат на училиште.

Секогаш кога детето ќе дојде во контакт со бактерија или вирус, неговиот имунилошки систем почнува да произведува антитела кои следниот пат ќе го препознаат „наметникот“ и ќе се пресметаат со него. Меѓутоа, за да дојде до тоа, бактеријата мора да влезе во организмот на бебето а тоа е едноставно невозможно во стерилна средина.

Нека си играат во кал

Докторите велат дека ги разбираат родителите кои се плашат да го пуштат детето да се извалка и да дојде во допир со разни микроби, но дека е тоа сепак дел од растењето па затоа им препорачуваат на родителите да му дозволат на детето да се извалка и на тој начин да го зајакне имунитетот.

Затоа, дозволете им на децата да се извалкаат во калта, да допираат земја, дрвја, билки, инсекти. Дозволете им да направат пита од кал и вода, па дури и ако случајно стават делче во устата, не паничарете, затоа што кога еднаш ќе почувствуваат горчлив вкус, нема повеќе да го направат тоа.

Дружење со животните

Децата треба да си играат со домашните миленици. Доколку кучето редовно се носи на ветеринар, нема потреба за грижа, ниту пак треба родителите да се загрижат ако кучето го излиже детето.

Истражувањата покажале дека на овој начин се намалува ризикот од астма и алергија кај детето, а децата така учат да ги сакаат животните. Не им ги мијте рацете веднаш.

Избегнувајте антибиотици

Секогаш кога е тоа можно, избегнувајте антибиотици, затоа што тие ги убиваат лошите и и оние добрите, потребни бактерии.

Прекумерната употреба на антибиотици може да доведе до појава на астма, алергии, дебелина, дијабетес и други болести.

Ова исто така може да создаде отпорност на лошите бактерии на антибиотикот, и може негативно да влијае и на имунитетот на детето.

Повеќе