Не ги учат своите деца да читаат и да пишуваат: „Не сакаме некој да им кажува што ќе учат“

Таа и нејзиниот партнер веруваат дека на децата треба да им се дозволи целосно да ги контролираат сопствените животи и одлуки, но тоа не значи дека немаат никакви насоки.

190

Пар од Велика Британија се одлучил за неконвенционални методи кога станува збор за воспитување на нивните три деца. Адел и Мет Ален признале дека се свесни дека нивниот родителски стил не е во склад со она што се смета за „нормално“. Тие не ги учат своите деца кои се на возраст од 12, 8 и 4 години ниту да читаат, ниту да пишуваат.

„Сакаме нашите деца сами да покажат интерес за она што ги интересира. Потоа истражуваме со нив. Не ги тераме да следат наставна програма и не сакаме некој да им каже што ќе учат“, изјавила Адел за британските медиуми.

Таа и нејзиниот партнер веруваат дека на децата треба да им се дозволи целосно да ги контролираат сопствените животи и одлуки, но тоа не значи дека немаат никакви насоки.

Адел вели дека ова воспитување позитивно влијаело на нејзините деца. На пример, една од ќерките покажала интерес за шиење, па Адел ѝ купила машина за шиење.

„Ние само ги следиме нашите деца. Наше е да им овозможиме да го развијат она што ги интересира. Нашиот син имаше 10 години кога покажа интерес за читање и пишување. Зеде пенкало и хартија и почна сам да учи“, вели таа.

Семејството споделува детали од своето секојдневје на Инстаграм и Јутјуб и често мора да се бранат од критиките и обвинувањата дека не се добри родители. Иако нејзиниот пристап многумина го сметаат за контроверзен, Адел не е загрижена дека нејзините деца ќе заостанат.

„Не сакаме нашите деца да ги поминуваат своите животи правејќи го она што другите им го кажуваат да го прават. Сакаме тие да ја најдат својата страст и да научат кои се пред да имаат свои деца“, заклучила таа.

Повеќе