Неверојатна глетка: Само едно од 80.000 бебиња се раѓа на овој начин (ВИДЕО)

Вака родените бебиња се нарекуваат и бебиња – сирени, а прекрасната глетка ни дава можност да видиме како изгледа животот на бебето внатре во утробата.

416

Знак дека се приближува породувањето е пукањето на водењакот. Меѓутоа, понекогаш тоа не се случува, па едно од 80.000 бебиња се раѓаат во недопрена амнионска кеса. Вака родените бебиња се нарекуваат и бебиња – сирени, а прекрасната глетка ни дава можност да видиме како изгледа животот на бебето внатре во утробата.
Доколку амнионската кеса не пукне сама и плодовата вода не истече, лекарите обично ја продупчуваат амнионската кеса, што ги забрзува и зајакнува контракциите и следствено, го скратува времето на породување. За време на царски рез, лекарите обично ја пробиваат амнионската кеса додека го прават рез за да го извадат бебето.

Повеќе