Облеката може да влијае на тоа како децата размислуваат, како се чувствуваат и како се однесуваат

Шарена маичка со светки за детето не е само шарена маица со светки – таа може да претставува толку многу и целосно да го промени неговото расположение.

52

Поспаното облекување наутро за во градинка, училиште или за одење во парк, обично поминува без премногу активно размислување за тоа што облекуваме, а сигурно не размислуваме како облеката што ја избираме влијае врз децата.

За нас, тој фустан или маица можеби е само уште еден од купот облека што треба да го испереме на крајот од денот, но за децата може да значи многу повеќе.

Како што можеме да се подновиме со нови чевли, да се чувствуваме смирени во мек џемпер или опуштено во памучни пижами, така и секое парче облека што ќе го носи детето може да влијае врз неговото размислување, но и врз однесувањето.

Облеката може да го расположи детето

Дали некогаш сте забележале како вашето дете секогаш ја избира таа посебна кошула кога е среќно?

Можеби причината за тоа е што добивало комплименти додека ја носело, или создало среќни спомени со неа.

Но, исто така е точно дека она што го носиме не е само одраз на нашето расположение, туку може да го обликува и начинот како се чувствуваме.

Обрнете внимание на боите и дизајните кои позитивно влијаат врз нив, за да можете да складирате такви парчиња и да им ги давате тие среќни вибрации на дневна основа.

Облеката може да влијае врз фокусот на детето

Како што светкавиот костим од самовила може да му го одвлече вниманието на детето од која било задача, она што го носи може исто така да му помогне да го подобри фокусот.

Во неколку студии докажано е дека носењето лекарски мантил ја промовира концентрацијата на возрасните на задачата што ја извршуваат.

Можеме да постигнеме сличен ефект со децата со избирање облека што тие ја поврзуваат со одговорност и моќ, на пример, во бои што ги потсетуваат на некој на кој му се восхитуваат, или модели што ги поврзуваат со личност што ја почитуваат.

Затоа, следниот пат кога ќе помогнат и ќе си играат во кујната, нека носат мала престилка како таа што ја носите вие.

Облеката им помага на децата да изградат самодоверба

Постојат два различни фактори кога станува збор за врската помеѓу самоуверените мали деца и облеката што ја носат.

Пред сè, тоа е удобноста, бидејќи штом ќе се чувствуваат удобно во облеката, децата ќе бидат похрабри.

Друг важен фактор е како реагираме на облеката што ја носат.

Доколку сами ја одбрале комбинацијата, колку и да е таа несоодветна, наше е да ги пофалиме што вложиле труд и да го прославиме нивниот начин на изразување.

Облеката може да ја развие фантазијата

Најдоброто нешто што можете да го направите кога станува збор за имагинацијата и облеката на децата е да им дозволите да изберат што да облечат.

Повеќето деца ќе поминат низ фаза кога сакаат да се облекуваат како нивните омилени цртани ликови, па затоа бидете подготвени за многу сјај, суперхерои и еднорози.

Ако посегнуваат по таква облека, не им велете „не“, нека уживаат да ја изразуваат својата личност преку облеката. Со текот на времето ќе сфатат каква облека е соодветна за која ситуација, но не ги оптоварувајте со тоа.

На крајот на краиштата, облеката треба да направи детето да се чувствува добро, без разлика што мислат другите.

Повеќе