Сакајќи да ја изненадат својата професорка за роденден, учениците од едно училиште од Белград смислиле генијален план. Момчињата се преправале дека се тепаат токму кога таа влегла во одделението. Наставничката ги спуштила чантата и нејзините работи и се стрчала да ги раздели момчињата, а потоа следувало убаво изненадување.
Кога момчињата се разделиле, едното ѝ подало букет, а во воздухот летале конфети. Учениците едногласно ѝ го честитале роденденот на својата омилена професорка, а таа била во целосен шок.
Видеото е објавено на страната на Инстаграм, Дневна доза Белград и ги воодушеви корисниците на таа социјална мрежа.