Поради насилно породување починало бебе во соседна Србија: Гинекологот е во притвор, мајката бара правда

Во пријавата на младата мајка од Шид се вели дека главата на нејзиното бебе кое починало само 3 часа по раѓањето, пишувало дека била нагмечена и со модринки. Ова го потврдил и обдукцискиот наод

473

Смртта на бебето Елена Новаков од Шид е резултат на насилно породување! Ова го потврдила обдукцијата, а стои во официјалниот обдукциски извештај на Клиниката за педијатрија на Институтот за здравствена заштита на деца и младинци од Војводина во Нови Сад. Родилката Марица Михајловиќ (26) за српски „Новости“ потврдила дека таа и нејзиниот сопруг Даниел ги презеле наодите 10 дена по породувањето.

„Детето ми почина утрото во 4 часот и 38 минути, во наодот пишува дека главата на Елена била со модрици. Сакам да ја истерам правдата, докторот да биде казнет“, вели несреќната жена.

Нејзината ќерка била жива само три часа по раѓањето, а дека девојчето починало ја известиле дури утрото.
Марица вели дека не спие навечер и дека Елена е постојано во нејзината глава.

На докторот М.М., кого го обвинила за акушерско насилство и за смртта на детето, му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а Марица рекла дека нема да отстапи додека не се исполни правдата. Извештајот од обдукцијата сега е конкретен доказ дека се основани сите нејзини обвинувања против гинекологот М.М.

„Мојата поголема ќерка, која има пет години, ме прашува зошто бебето спие надвор, а јас не знам што да ѝ кажам, барем заради неа морам да останам силна“, вели Марица која секојдневно добива поддршка од жени кои претрпеле акушерско насилство како неа, но и од оние кои не биле во таква ситуација, но разбираат какво е чувството.

Марица вели дека е свесна дека борбата сѐ уште не е завршена.

Откако несреќната жена од Шид го опишала ужасот што го доживеала при породувањето, при што гинекологот ѝ викал, ја навредувал и ѝ се заканувал, одбивајќи да направи царски рез, таа прво детално го опишала ова на „Фејсбук“, потоа во медиумите, а во Општата болница во Сремска Митровица атмосферата е тензична. Вработените велат дека се вознемирени и дека „трпеат сајбер малтретирање“.

Сепак, вчера министерот за здравство на Србија, проф. д-р Даница Грујичиќ изјавила:

„Не требаше да чекаме сѐ да експлодира на социјалните мрежи. За целиот случај во рок од еден час требаше да се извести директорот на болницата, а најдоцна за два часа и мене. Тие имаат утрински состаноци во болниците и таму требаше да се изнесат деталите за овој случај.

Министерката вели дека е извршен внатрешен стручен надзор кој не дал заклучок.

Докторите кои вршеле стручен надзор побарале да дадат изјави сите учесници, односно сите присутни при породувањето, како и началниците на одделенијата на болницата во Сремска Митровица. Грујичиќ рекла и дека по поднесувањето на тие изјави, инспекторката ќе даде свое мислење.

„Објективен надворешен стручен надзор побара и Републиканската стручна комисија за акушерство. Врз основа на списокот на супервизори кои работат според овој закон, ќе бидат назначени тројца надзорници, тие ќе одат во болница и ќе имаат рок од две недели да го напишат својот извештај“, објаснила Грујичиќ. На местото на настанот излегла и антикорупциска екипа и ќе биде готова во текот на оваа недела. Тогаш ќе ги имаат сите информации.

Според неа, Министерството за здравство врши редовни контроли во породилиштата, но „вработените во болниците ги штитат своите колеги“, но сѐ е познато, вклучително и како лекар постапува со пациентите.

Родилката Михајловиќ, која кога го обелоденила целиот случај, ѝ било забележано затоа што прво не контактирала со болницата и надлежните, туку решила да објави на „Фејсбук“, со слика од своето мртво бебе, за да ги предупреди другите жени на немарноста на докторот М.М.

Од судијата на Вишиот суд на докторот му е одредена мерка притвор до 30 дена поради сторено кривично дело тешко кривично дело против здравјето на луѓето. Според обвинителството, притвор е одреден поради ризик од мешање во постапката со влијание врз сведоците, ризик осомничениот да го повтори истото кривично дело, како и јавно вознемирување, што може да го загрози непреченото и правично постапување во кривичната постапка.

Повеќе