Пушењето во тинејџерскиот период е поврзано со помала моќ на мозокот

Откако истражувачите ги споредиле резултатите од снимањето на мозокот на учесниците кои почнале да пушат на 14-годишна возраст со оние кои не пушеле и ја повториле постапката за истите учесници на возраст од 19 и 23 години, откриле дека, во просек, оние кои почнале да пушат до 14-годишна возраст имале значително помала сива маса во делот на левиот фронтален лобус кој е поврзан со одлучување и кршење на правилата.

55

Тинејџерите кои подлегнуваат на притисокот од врсниците и почнуваат да пушат веројатно го прават тоа затоа што имаат помалку сива материја во делот од мозокот кој влијае на донесувањето одлуки и следењето на правилата.

Покрај тоа, младите кои развиваат навика за пушење имаат тенденција до крајот на нивните тинејџерски години да доживеат намалување на сивата материја во делот од мозокот кој го контролира управувањето со задоволството.

Барем така произлегува од студијата за влијанието на пушењето врз адолесцентите и младите во Велика Британија, Франција, Германија и Ирска, спроведена од универзитетите во Кембриџ, Фудан и Ворвик, чии резултатите се објавени во списанието Nature Communications.

Откако ги споредиле резултатите од снимањето на мозокот на учесниците кои почнале да пушат на 14-годишна возраст со оние кои не пушеле и ја повториле постапката за истите учесници на возраст од 19 и 23 години, тие откриле дека, во просек, тинејџерите кои почнале да пушат до 14-годишна возраст имала значително помалку сива материја во делот на левиот фронтален лобус кој е поврзан со одлучување и кршење на правилата.

Сивата материја, ткивото кое ги обработува информациите и ги содржи сите неврони на органот, го доживува својот врв на раст пред адолесценцијата, иако целокупниот развој на мозокот продолжува до зрелоста.
Тимот на научници, исто така, открил дека луѓето кои почнале да пушат на 14-годишна возраст имале губење на сивата материја во десниот префронтален кортекс, кој исто така е дел од мозокот кој е поврзан со прекумерно пиење и употреба на марихуана.

Барбара Сахакијан од Катедрата за психијатрија на Универзитетот Кембриџ изјавила:

Помалку сива материја во овој регион на мозокот може да ја ограничи когнитивната функција, што доведува до помала самоконтрола и склоност кон ризични однесувања, како што е пушењето.

Повеќе