Родителите кои се постојано со телефон во рака, имаат депресивни деца

Кинеските научници кои проучувале 530 ученици на возраст од 10 до 18 години за да видат дали се жртви на запоставување на родителите поради користењето на телефонот, дошле до неверојатно откритие. Дали сте и вие едни од нив?

136

Користењето на паметните телефони стана наше секојдневје, но лекарите предупредуваат дека сѐ уште не ги сфаќаме доволно сериозно вистинските последици од овој глобален проблем. Неодамна кинеските научници дојдоа до неверојатно откритие кое директно ја поврзува употребата на мобилни телефони од страна на родителите со депресијата на нивните деца.

Имено, родителите кои ги игнорираат своите деца и поголемиот дел од времето го поминуваат на нивните паметни телефони наместо да им обрнуваат внимание ним, можеби ги изложуваат своите деца на ризик од депресија, сметаат експертите. Кинеските научници кои проучувале 530 ученици на возраст од 10 до 18 години за да видат дали се жртви на запоставување на родителите поради користењето на телефонот, дошле до неверојатно откритие.

Имено, децата чии родители биле опседнати со нивните телефони покажале поголеми симптоми на депресија при пополнувањето на прашалникот од оние чии родители не биле често на мобилните дома дома.

„Родителското игнорирање е сè почеста појава во која родителите ги користат своите мобилни телефони во интеракции со своите деца, а во овој случај децата се чувствуваат исклучени“, објаснуваат научниците во студијата објавена во списанието Journal.

Што покажува истражувањето?

Примерите за родителско игнорирање вклучуваат редовно проверување на телефонот за време на оброците и можност секогаш да го гледаат екранот и известувањата што доаѓаат до нив. Кинеската студија побарала од учениците да пополнат прашалник, а потоа ја рангирале нивната перцепција за родителска топлина и отфрлање. Децата кои учествувале во истражувањето биле на возраст меѓу десет и 18 години.

Прашалникот вклучувал различни прашања за да се проценат навиките за користење на мобилни телефони на нивните родители, а кога лекарите ги оцениле овие податоци, откриле дека колку повеќе време родителите поминуваат на нивните паметни телефони во близина на своите деца, толку е поголема веројатноста децата да развијат депресија или други анксиозни нарушувања.

Децата на родители кои биле „врзани за нивните телефони“ се чувствувале лошо, отфрлени и добивале помалку внимание од нивните родители, за кои мислеле дека се повеќе заинтересирани да гледаат во екраните отколку во нив, тврдат експертите.

Повеќе