Дислексија кај децата значи потешкотии во различни облици на јазикот, пред се проблеми во читањето и стекнувањето на вештини за пишување. Иако самата дислексија не е секогаш најлесно да се препознае, експертите тврдат дека одредени знаци кои укажуваат на тоа сепак постојат. Според клиниката Мајо, околу 10 отсто од светската популација има дислексија, а најголемите проблеми обично се појавуваат околу 10-тата година од животот.
Токму на оваа возраст децата почнуваат да читаат за да учат и да стекнат нови знаења, поради што родителите или наставниците дури тогаш почнуваат да забележуваат дека детето има одредени проблеми кои можат да бидат знак за дислексија. Детето со дислексија нема автоматизирано читање, а потешкотиите се манифестираат во кодирање на поединечни зборови. Најчестите симптоми го вклучуваат следново:
бавно читање
проблеми со обработката и разбирањето на слушнатото
тешкотии при наоѓање на вистинскиот збор или формулирање одговори на прашања
проблеми со меморијата
тешкотии со гледање (и повремено слушање) сличности и разлики во буквите и зборовите
неможност да се изговори непознат збор
тешкотии во правописот.
Но, експертите тврдат дека дури и пред детето да достигне училишна возраст, можеме да препознаеме дека може да има проблеми со дислексијата. Кај малите деца, често има доцнење во говорот, проблеми со учењето на нови зборови или изговарањете, проблеми со запомнувањето на буквите, бројките или боите и тешкотии во учењето на детските песнички.