Седум типови на токсични мајки

Ако имате токсична мајка, тоа може да има последици кои ќе ве следат до крајот на животот. Секако, ако сте вие токсична мајка, тоа ќе се одрази врз вашите деца

359

Мајките можат да бидат фантастични, но не се сите онакви какви што треба. Иако мислат дека го прават најдоброто за своите деца, понекогаш работите не одат така. Ако имате токсична мајка, тоа може да има последици кои ќе ве следат до крајот на животот. Според Awarenessact.com, ова се седумте видови токсични мајки.

Контролирачка мајка
Ова е мајка која сака да контролира сè. Таа сака детето да го прави токму она што го кажала, кога кажала и како кажала.

Инвазивна мајка
Ова е тип на мајка која не му дозволува на детето трошка приватност. Таа проверува сè и често се однесува со детето како да не е личност. Таа сака да знае сè што прави детето.

Мајка која занемарува
Овој тип на мајка го прави само она што го сака. Не е среќна што мора да се грижи за детето, па ќе го направи само минимумот, ако го направи и тоа. Таа во основа го запоставува детето. Не ја интересира како детето го поминало денот, ретко ќе учествува во активности со децата и слично.

Мајка полна со нереални очекувања
Овој вид на мајка очекува детето да биде совршено во секое време. Очекува најдобри оценки и секогаш се држи до највисоките стандарди. Дури и кога даваш сè од себе, тоа не ѝ е доволно.

Агресивна мајка
Со ваква мајка е многу тешко да се справите. Таа станува агресивна поради малите нешта. Детето може да даде сè од себе за да не ја налути, но ништо не ја прави среќна. Затоа постојано го истура бесот врз детето.

Нарцисоидна мајка
Ова е мајка која сака сè да биде совршено, но нејзините желби секогаш се пред потребите на детето. Таа секогаш се претставува како совршена мајка.

Мајка на која детето мора да ѝ биде родител
Ваквата мајка се грижи за себе, доаѓа дома со средена коса и не ја интересира што се случува во куќата. Таа го тера детето да порасне премногу брзо.

Повеќе