Сега не сакаш, ама кога ќе ме нема, ќе ти фали! И навистина е така!

Има многу работи за кои сега и глава би дале, само да ги слушнаме повторно. И нормално, би реагирале сосема поинаку. Сега, кога веќе ги нема. Речениците на нашите мајки кои докажуваат дека секогаш биле во право

2.184

„Додека си под мојот покрив“ и други фрази за практикување авторитет во периодот кога растевме

ни изгледаа толку иритирачки. Ги мразевме советите и критиките на нашите родители, а

емотивните, чувствителните и загрижените мајки беа први на удар.

Да, сега го знаеме точниот назив за нив па велиме: емотивните, чувствителните и загрижени мајки!

Тогаш ги нарекувавме едноставно, напорни и здодевни!!!

Нивните совети изгледаа толку бесмислени па не еднаш настинавме поради боси стапала, гол грб и

ладен бетон.

И не само тоа, на многу од нас им се скрши срцето само затоа што не верувавме во

проценките на нашите мајки, кои во повеќето случаи се покажаа како најголема вистина.

Во продолжение прочитајте повеќе примери со кои нашите мајки толку многу не нервирале, а

денес сме свесни дека биле во право.

Таа не ти е вистинска пријателка

Во нежните години пријателствата ни се најважни. Родителите, а и семејството воопшто, се секогаш

тука за нас, нивната љубов се подразбира, а нивната безусловна грижа и желба да ни овозможат сѐ

се зема здраво за готово.

Околу пријателите мора да се трудиме, а често мора и напорно да работиме нашите пријатели, а

често мора и да се жртвуваме.

Во желбата за популарност и широка мрежа на луѓе, знаеме да западнеме во сомнително друштво,

а мајките, како детектори, секогаш први го забележуваат тоа.

Ако слушневме дека некоја другарка или другар не ни се вистински пријатели – ќе дојдеше до кавга,

а на крајот излегуваше дека мајката сепак била во право.

Мора да создадеш работни навики

Неуредната соба секогаш беше причина за овој типичен заклучок кој толку ни одеше на нерви.

Моја соба, моја слобода – беше начинот на размислување во тоа време. Меѓутоа, сега сме свесни

дека би го правеле истото како нашите мајки и дека создавањето работни навики уште од најраните

денови е добар начин на воспитување.

Ова ти го кажувам затоа што те сакам

Во многу ситуации, мајките ни кажуваа нешто што не сакавме да го слушнеме.

На пример, фустанот понекогаш беше премногу краток за излегување, а деколтето премногу

длабоко. Во тој момент мајките ги гледавме како наши најголеми непријатели, а денес ќе го

направиме истото како нив.

Ако ти е досадно, фати се за работа
Дали и вие кога бевте во тинејџерските години се затекнувавте себеси во ситуација да немате што

да правите?

Тоа вообичаено значеше дека никој од вашите пријатели не е достапен, а тој огромен животен

проблем секогаш го споделувавме со нашите родители.

Мајките потоа ќе ни предложеа некоја конкретна работа, а ние навистина знаевме да се налутиме.

Не ме интересираат другите деца!

Ако, на пример, добиевме лоша оценка, речиси секогаш се повикувавме на лошите оценки на

нашите пријатели. Тогаш нашите родители ни кажуваа дека не ги интересираат другите деца, а тоа

ни одеше на нерви.

Ти биди попаметен!

Уште една збунувачка фраза што мајките ни ја кажуваа кога сакаа да предложат да се откажеме од

нешто што сме го наумиле.

Во тој момент ни се чинеше како да победил другиот, а денес знаеме дека попаметниот попушта.

Повеќе