Сите бруталности на анорексијата и булимијата

Сè уште не е точно утврдено како и зошто се појавуваат овие болести, но тие се поврзани со форсирањето на медиумскиот идеал за убавина и строгите диети.

72

Сѐ повеќе тинејџерки, па дури и помали девојчиња, потпаѓаат под влијание на реклами, серии и списанија каде убавината и здравјето се поистоветуваат со совршената фигура. И ова може да доведе до разни нарушувања во исхраната.

Додека некои родители се борат да ги заштитат своите деца од овие болести, други самите потпаѓаат под влијание на медиумите, а некои пак, токму со својот став ги довеле своите деца во таа состојба.

Најпознати нарушувања од овој тип се анорексијата и булимијата. И овие болести не се „детска игра“. Помогнете им на вашите деца да стекнат самодоверба, да ги препознаат симптомите на овие болести и да ги запрете навреме.

Тие можат да дојдат „во пакет“ или одделно и не се јавуваат само кај слабите лица.

Анорексија
Луѓето кои боледуваат од анорексија обично се 15 отсто послаби од нивната идеална, здрава тежина, имаат голем страв да се здебелат (дури и кога се екстремно слаби), имаат искривен поглед на својот изглед и тежина, имаат нередовна менструација, …

Обично ги погодува тинејџерките на возраст меѓу 13 и 14 или 17 и 18 години. Сè уште не е точно утврдено како и зошто се појавуваат овие болести, но тие се поврзани со форсирањето на медиумскиот идеал за убавина и строгите диети.

Булимија
Се карактеризира со конзумирање на големи количини на храна, проследено со повраќање, поради чувство на вина. Луѓето кои страдаат од булимија не можат да ја контролираат количината на храна што ја јадат во текот на денот, најчесто користат лаксативи, апчиња за слабеење, често повраќаат и повеќе го вреднуваат изгледот отколку карактерот.

Следете ги симптомите на вашите деца. Проверете дали консумираат апчиња за слабеење, разговарајте со нив, следете ги нивните ставови, дали премногу зборуваат за својата тежина и дали ги оценуваат луѓето само врз основа на нивниот изглед.

Може да се случи детето да крие храна, да биде депресивно, бледо, да има жолта кожа, да има проблеми на училиште, да користи и крие средства за потиснување на апетитот, често да повраќа, да го интересираат само списанија и содржините на Интернет каде што може да се најдат информации за диети, за слабеење… Кога ќе ги забележите овие симптоми, разговарајте со вашето дете и однесете го на лекар.

На тинејџерите не им требаат диети. Тие се уште во развој. Ако забележите дека детето е мрзеливо, неактивно, дека се храни нездраво, разговарајте со него, предложете му некои здрави активности, заедно подгответе здрави оброци, внесете повеќе зеленчук на трпезата – ова ќе биде добро за целото семејство.

Не обидувајте се да го принудите детето насилно да јаде или (во случај на булимија) да му ја ограничите храната. Воведете ново здраво дневно мени за целото семејство, незабележливо.

Обидете се да му помогнете на детето да стекне самодоверба, да ги пронајде своите внатрешни квалитети и да научи да ги цени; да најде друштво кое нема да го оценува врз основа на изгледот и во кое ќе се чувствува безбедно и среќно.

Повеќе