Совршено е! Реакција на една мајка на дете со Даунов синдром

Мајката на пет деца вели дека чувствувала дека е нешто поинаку во нејзината последна бременост, а кога го родила своето прекрасно девојче, сфатила дека е во право.

179

Амбер ДеАн Ројас е горда мајка на пет деца, а во последната бременост – почувствувала дека нешто е поинаку.

„Сите мислевме дека ќе родам момче – сите! Но знаев дека нешто е поинаку. Не знаев зошто и што, но постојано му велев на сопругот дека ова бебе ќе биде поинакво.

Мојата бременост не се разликуваше, но знаев дека нешто се случува. Никој не ми веруваше, но ако си била бремена онолку пати колку и јас, би научила многу за своето тело, рекла Амбер и додала дека кон крајот на нејзината бременост, таа можела да го почувствува бебето како дише, што никогаш порано не го почувствувала.

Откако се породила дома, Амбер го држела своето бебе и видела дека има Даунов синдром: „Имав толку многу емоции, но штом погледнав надолу, го видов тоа. Го видов во нејзиното лице. Помислив: „Моето бебе има Даунов синдром. Целосно заборавив дека не знаевме дали ќе имаме девојче или момче. Погледнав и видов дека е девојче. Моите мисли за Дауновиот синдром исчезнаа, бев толку возбудена“.

Акушерката тогаш потврдила дека девојчето има многу показатели за Даунов синдром, а Амбер си ја потврдила својата интуиција за време на бременоста. „Веднаш сакав да знам сè што треба да се знае за Даунов синдром, за да можам на моето бебе да му ја пружам најдобрата можна нега“, рекла таа, додавајќи дека верува дека девојчето Амадеус го добиле со причина. „Амадеус повторно не обедини сите. Таа е совршена“.

Амбер објаснила дека таа и нејзиниот сопруг веднаш им објасниле на децата дека не сакаат малата Амадеус некогаш да биде третирана поинаку. „Децата ја обожаваат, а јас и мојот сопруг дадовме сѐ од себе да им објасниме што значи Даунов синдром и како не сакаме тие или некој друг да се однесува поинаку со неа. Таа е иста како нас и наша работа е да помогнеме, да ги едуцираме другите за Даунов синдром и да покажеме со примерот на нашето мало девојче дека таа има живот, исто како и сите нас“.

Конечно, оваа мајка рекла дека децата со Даунов синдром само сакаат да бидат гледани и третирани како сите други и тие го заслужуваат тоа право. „Секогаш ќе се трудам да го направам мојот дел, да ги едуцирам другите кои се отворени за учење заедно со нас, бидејќи сите треба да почнеме да ги гледаме работите од малку поинаква перспектива.

Повеќе