Ваквите деца најчесто стануваат нарцисоидни кога ќе пораснат
„Децата кои или не добивале доволно внимание од нивните родители или добивале премногу од тоа имаат најголем ризик од нарцисоидно растројство на личноста, бидејќи тие бараат внимание цел живот, а тоа влијае на нивните односи со другите луѓе“, вели психологот Елинор Гринберг која со години ги проучува нарцисоидните нарушувања на личноста.
Психологот Елинор Гринберг многу години ги проучува нарцисоидните нарушувања на личноста. Како што наведува, децата кои се воспитуваат на одреден начин најверојатно ќе пораснат во нарцисоидни луѓе. Таа тврди дека одредени односи родител-дете во раното детство може да предизвикаат нарцисоидно растројство на личноста во зрелоста, а еден од нив е особено штетен.
Гринберг предупредува дека најмногу склони кон ова нарушување се децата кои пораснале во семејства каде што или не добивале доволно внимание и љубов од родителите или добивале премногу од тоа. Како што објаснува за порталот Your Tango, децата кои често биле запоставувани од родителите имаат висок ризик да станат нарциси кога ќе пораснат, а истото се случува и со децата кои им биле омилени на нивните родители. Најчесто тоа е „златното“ дете во семејството, кое родителите често го издвојувале од другите деца и му обрнувале најмногу внимание.
„Децата кои или не добивале доволно внимание од нивните родители или добивале премногу од тоа имаат најголем ризик од нарцисоидно растројство на личноста, бидејќи тие бараат внимание цел живот, а тоа влијае на нивните односи со другите луѓе. Најчесто се фокусирани исклучиво на себе и на своите потреби, а им недостига емпатија и сочувство кон другите“, додава психологот.