Внимавајте на децата: Мајка нашла крлеж во увото на ќеркичката

Крлежите пренесуваат неколку болести кои мора да се лекуваат за да се избегне тешка клиничка слика.

127

Џесика ДеЛоуч го сподели на ТикТок своето искуство со крлежот што го нашла во увото на нејзината ќерка. Додека го капела малото девојче забележала нешто црно во нејзиното уво. Мислела дека девојчето ставило нешто во увото.

„Таа си го чешаше увото, па се јавив кај докторот кој ми рече веднаш да ја донесам“, пишува таа.

Лекарот веднаш сфатил дека се работи за крлеж.

„Процесот на отстранување беше доста трауматичен. Морав да ја држам ќерка ми колку што е можно помирна додека докторот со пинцета го извади крлежот од неа. Две медицински сестри дојдоа на помош и ги држаа рацете и нозете на ќерка ми за да не го удри доктор“, додава ДеЛоуч.

Кога крлежот конечно бил отстранет, на девојчето му биле дадени капки со антибиотици.

„Задолжително проверете ги ушите на вашите деца откако си играат надвор. Крлежите можат да се пикнат насекаде“, предупреди таа.

ДеЛоуч вели дека го објавила видеото, кое има повеќе од 2 милиони прегледи, како предупредување до другите родители.

Крлежите пренесуваат неколку болести кои мора да се лекуваат за да се избегне тешка клиничка слика.

Повеќе