Клои Рен почнала да се чувствува лошо шест недели по породувањето. Таа брзо сфатила дека мачнината и чувствителноста се знаци на бременост и дознала дека е бремена помалку од два месеци по раѓањето на нејзиното прво дете.
„Заборавив што значи контрацепција“, се шегува таа наТик-Ток, каде ја документирала својата втора бременост.
Иако втората бременост не била планирана, Клои ја прифатила со ентузијазам. Мајката на две деца споделува дека е среќна што разликата меѓу нејзините деца ќе биде мала, поради што децата можеби ќе бидат многу блиски. Така, нејзините ќерки се родени со разлика од десет месеци, а Клои тврди дека уште сега се најдобри пријателки.
На нејзината приказна жестоко реагирале непознати луѓе на Интернет.
„Многу луѓе ми велеа дека правам грешка и дека ќе си го уништам животот. Но, моите деца се мој избор”, вели таа.
Илјадници биле шокирани што Клои воопшто и останала бремена само два месеци по породувањето.
„Тоа е ноќна мора“, „Како најдовте време да го направите бебето?“, „Забременивте после шест недели? Не сакав маж ми да ме гледа шест месеци, а камоли нешто повеќе“, „Многу ми е мило што тоа не ми се случува мене“, пишуваат тие.
Но, има многу повеќе такви кои ја поддржале.
„Многу работа, но еден ден ќе ви биде мило“, „Толку мала разлика е преслатка“, велат тие.