Зарем не знаеш дека мајчиното млеко е најдобро? Што не треба да ѝ кажувате на мајка која не дои?

Луѓето си дозволуваат толку многу, особено во последно време кога, без разлика колку во принцип го поддржувате доењето, не можете а да не признаете дека работите станаа по малку напорни…

348

„Зарем не знаеш дека мајчиното млеко е најдобро? Мајките кои не дојат веројатно не можат ни да се сетат колку пати им биле поставувани различни наметливи прашања.

Доењето е најдобриот избор. Тогаш кога е тоа можно. Тогаш кога тоа не е можно, или од медицински причини, или затоа што мајката не сака да дои (а пред да почнете да превртувате со очите, да разјасниме една работа: мајките не ја губат душата само затоа што родиле бебе, а не го изгубиле ниту правото да одлучуваат за себе и за своето тело и за своето дете), повеќе не само што не е „најдобриот избор“, туку воопшто не е избор. А сепак луѓето си дозволуваат толку многу, особено во последно време кога, без разлика колку во принцип го поддржувате доењето, не можете, а да не признаете дека работите станале по малку напорни… Ова е нашиот мал придонес за заштита на приватноста на мајките кои не ги дојат нивните бебиња.

Еве што НИКОГАШ не треба да ѝ кажете на мајка која не дои:

„Зарем не знаеш дека мајчиното млеко е најдобро?“

Знам. Во денешно време не можете, а да не бидете свесни за тоа. Доењето е како појас во автомобил, носи повеќекратни придобивки. Но… Ако автомобилот се расипе, дали ќе го оставите бебето во автомобилот или ќе го земете со себе да побарате помош за да бидете и двајцата безбедни? Ова може да го направи мајката која ќе одлучи да користи вештачка храна. И верувајте, на таа одлука секогаш ѝ претходи многу размислување и преиспитување. Имајте почит.

„Зошто не го доиш бебето?“

Мајките кои не дојат веројатно не можат ни да се сетат колку пати им било поставено ова ужасно, наметливо, непристојно прашање. И колку пати тоа дошло од луѓе кои едвај ги познаваат… Но, одговорот на тоа е длабоко личен. А причините не ги засегаат ниту козметичарката, ниту поштарот, ниту касиерката во супермаркетот, па дури ни сосетките.

„Доењето е најприродната работа на светот.“

Неизбежно, речиси секоја жена која веќе има деца и гледа како некоја мајка го храни своето бебе со шише, ќе сака да го сподели своето искуство. И некако сите тие искуства се „идеални“. Сега, дали е заборавено со време или сите тие жени имале само неопислива среќа, е друго прашање. Но, поентата е во тоа да не делите совети кои никој не ви ги побарал. Да не ја раскажувате (разубавената) верзија од вашето искуство.

„Ако не го доиш бебето, му ја ускратуваш блискоста“

Доењето, како и вештачкото хранење, е начин на исхрана. Интимноста со бебето се развива преку гушкање, игра и нежност. Со зборување и пеење. Носење кога не може или не сака да заспие. Со насмевка кога ќе се разбуди. Со гушкање „кожа на кожа“.

„Па, да, полесно е да се даде шише, потполно те разбирам“.

Никој не бараше од тебе разбирање. И не, не е полесно. Но, потешко или полесно, тоа е прашање на личен избор. Направено од причини кои ни најмалку не ве засегаат.

И тој поглед… О, тој поглед исполнет со презир! Од тој поглед се добиваат брчки. И нема крем со која ќе можете да го маскирате сопствениот примитивизам. Затоа, за ваше добро, не гледајте со тој поглед…

Повеќе