Злоупотреба на децата инфлуенсери и примерот на Врен Елинор

„Немаме поим како тоа ќе влијае на децата во иднина, кога ќе видат дека се изложени на непознати на Интернет од самото раѓање. Но, можеме да бидеме сигурни дека тоа нема да има позитивен ефект“, тврди Ендрју Селепак, професор по социјални медиуми на Универзитетот во Флорида.

215

Како и повеќето тригодишни деца, Врен Елинор сака да си игра и да ги пресоблекува куклите и своите кадифени животни, но она што ја издвојува од нејзините врсници се нејзините повеќе од 17 милиони следбеници на ТикТок.

Како мајка на еден од најмладите и најмоќните инфлуенсери на денешницата, Жаклин Пол моментално е на удар на критиките. Ја прозиваат и креатори на содржини и експерти, велејќи дека видеата на самохраната мајка се смениле од слаткото секојдневје на малото девојче во експлоататорска содржина што може да ја загрози безбедноста на Врен на повеќе начини.

Како настана ТикТок сметката на Врен Елеонор?
Пол го започнала профилот на TikTok за да ги зачува спомените на нејзината ќерка додека растела, стои во известувањето на News Now Omaha од 2020 година. На само 18 месеци, Врен имала повеќе од 4 милиони следбеници кои исто така ја гледале како расте.

Како што растела платформата, Пол сфатила дека освен создавање содржини за забава, профилот може да стане и извор на приход. И оттука почнуваат проблемите.

Кога ќе ја најдете Врен (Wren) на ТикТок, ќе видите стотици видеа од девојчето на нејзиниот профил, како и вулгарни коментари кои ова девојче ги добива секој ден. И тоа е само почеток. Многу фотографии и видеа се појавуваат и на веб-страниците за детска порнографија.

Родителите можеби не се свесни за негативните страни од споделувањето содржини

Тиктокерката Сара Адамс објавила повеќе видеа за контроверзниот профил.

„Сакам да застанете една минута и да размислите како ние како општество ги нормализиравме и прифативме возрасните, особено мажите, да ги следат децата, особено девојчињата, на социјалните мрежи. Секој ден гледам возрасни мажи како коментираат и лајкуваат фотографии од девојчиња“, вели таа во едно видео.

Адамс забележува дека е важно родителите да бидат свесни на што ги изложуваат своите деца кога ги споделуваат нивните фотографии и видеа на социјалните мрежи.
„Ако ги споделувате вашите деца јавно, му овозможувате на најлошиот дел од општеството да пристапи до слики, видеа и информации за нив. Тажно е и болно да се размислува за тоа, но родителите треба да бидат свесни дека не ги гледаат сите нивните деца со невини очи“, предупредила таа.

Можната цена на славата на социјалните мрежи
Ендрју Селепак е професор по социјални медиуми на Универзитетот во Флорида. Тој вели дека возрасните треба да бидат внимателни кога споделуваат детали за нивниот живот, особено кога тоа ги вклучува децата.

„Објавувањето видео од вашето малолетно дете за да постигнете слава што не можете сами да ја постигнете е експлоатација. И тоа е експлоатација без согласност. Корисниците на TikTok зачувуваат видеа од вашето малолетно дете за да ги гледаат одново и одново“, објасни тој.

Колин Колодани, извршен директор на Kids Wiki, вели дека како некој што работи со деца, но и како мајка, приказната на Врен Елинор длабоко ја вознемирила.

„Интернетот е полн со педофили кои оставаат вознемирувачки коментари за ова тригодишно девојче. Дури и откако е свесна за тоа, мајката на Врен продолжува да снима видеа со сексуални алузии за пари“, смета таа, додавајќи дека парите и славата на Интернет не се важни колку безбедноста на детето.

„Родителите треба да бидат попаметни кога одлучуваат кои видеа од нивните деца да ги објават на интернет, ако веќе не можат воопшто да не објавуваат. Приватноста е право на детето. Со тоа што не им ја даваме, ја ставаме нивната безбедност на ризик“.

Дали постојат закони кои ги штитат малите деца на социјалните мрежи?
Законите за социјалните мрежи сè уште не им ја даваат на децата-инфлуенсери заштитата што можеби им е потребна. TikTok има некои општи безбедносни упатства каде што ако се свесни за содржини што ги искористуваат или загрозуваат малолетниците, би можеле да се повикаат на прекршување на политиката и да ја отстранат содржината.

Стивен Балкам од Семејниот Институт за онлајн безбедност (ФОСИ) повикува на овозможување „што е можно повеќе рана дигитална писменост, со отворена комуникација и родителски контроли соодветни на возраста“.

Зошто сметката на Елеонор Врен не е отстранета?
Ако има правила и тони безбедносни алатки, зошто содржината на Жаклин Пол не е отстранета од TikTok? За жал, ситуацијата не е целосно црно-бела бидејќи технички ништо што Пол објавила не ги прекршува тековните упатства или правилата на заедницата.
Некои корисници велат дека не ни сфатиле колку се застрашувачки видеата додека некој друг не им го посочил тоа. Клер Грејсон, корисничка на социјалните мрежи која живее во Денвер, вели дека благодарение на видеата од други креатори на TikTok, сега ја гледа содржината што Пол ја објавува за нејзината ќерка со други очи.

„Сум гледала видеа на Врен Елеонор во минатото и мислев дека се слатки. Воопшто не размислував за нив. Гледајќи како другите истакнуваат дека мајката го искористува 3-годишното дете, не можев да не ги отворам очите малку повеќе за овие детски ѕвезди, особено за навистина младите“, вели таа.
Грејсон сè уште ужива во некои слатки детски видеа на Интернет, но верува дека постои правилен и погрешен начин на кој родителите ги споделуваат своите деца со светот.

„Не би рекла дека е лошо да го споделите вашето дете на социјалните мрежи, но имам проблем со родителите кои ја фокусираат целата своја онлајн личност околу нивните малолетни деца. И загрижувачки е што оваа мајка воопшто не се трудела да го заштити своето дете после гледајќи ги сите болни коментари“, истакнува Грејсон.

Како овој вид на изложеност може да влијае на детето на долг рок?
Селепак вели дека покрај загриженоста за безбедноста на девојчето, изложеноста може да предизвика емоционална штета кај неа кога ќе биде постара и посвесна.

„Немаме поим како тоа ќе влијае на децата во иднина, кога ќе видат дека се изложени на непознати на Интернет од самото раѓање. Но, можеме да бидеме сигурни дека тоа нема да има позитивен ефект“, тврди.

Додека некогаш уживала во содржината на видеата на малата Врен Елинор, Грејсон вели дека сега научила вредна лекција за безбедноста на децата на интернет.

„Конечно, Врен не служи како предупредувачка приказна, но нејзината мајка служи. Има тенка линија помеѓу промовирањето на детето и неговото искористување“, заклучи таа.

Повеќе