Зошто никогаш не треба да го вртите детето држејќи го за рацете?

„Дури кога стигнавме дома, забележав дека не ја мрда раката нормално. Повторно почна да плаче и ѝ реков да се обиде да ја свитка раката. Потоа се сетив дека татко ѝ ја вртеше држејќи ја за рацете и знаев дека нешто сериозно не е во ред“, напишала една мајка предупредувајќи ги другите родители.

278

Мишел Стајн е мајка на три деца, а откако нејзината двегодишна ќерка се здобила со повреда на лактот додека си играла со својот татко, таа решила да ја сподели својата приказна и да ги предупреди другите родители.

„Моето семејство научи на потешкиот начин колку лесно може детската рака да се измести и да се исчаши кај лактот“
Повредата, позната и како истегнување на лактот, се јавува кога коската на палецот е поместена од своето место. Оваа повреда најчесто ги погодува децата помлади од четири години, а се јавува кога детето премногу силно ќе се повлече за зглобот или раката, како што е случај при нишање или вртење додека го држи детето за раце или го кревате држејќи го за рацете. Тоа е честа, но и многу болна повреда.

Бевме на роденден кога тоа се случи. Нашата двегодишна ќерка беше свртена кон мојот сопруг, држејќи го за раце додека ја префрлаше целата своја тежина наназад. Мојот сопруг продолжи да ја влече во стоечка положба, понекогаш кревајќи и ги стапалата од земја и нежно вртејќи ја наоколу. Мислеше дека е забавно, додека не престана да биде забавно.

Немавме поим што се случило кога таа почна многу да плаче. Тоа беше после нејзината вообичаена попладневна дремка, па мислевме дека е преуморна или едноставно лута што престана да се забавува со тато. Ја држев во раце додека конечно не се смири и заспа. Тогаш бев сигурна дека ѝ треба само сон. Но, кога се разбуди, повторно почна да плаче. Дури кога дојдовме дома, забележав дека не ја мрда раката нормално. Повторно почна да плаче и ѝ реков да се обиде да ја свитка раката. Потоа се сетив дека татко ѝ ја вртеше држејќи ја за раце и знаев дека нешто сериозно не е во ред.

Бидејќи беше недела навечер, ја однесовме ќерката во амбулантата за итни случаи. Лекарот веднаш се посомнева дека се работи за истегнување на лактот. Ја стави едната рака на нејзиниот лакт, а потоа направи чуден маневар за да ја врати на своето место. Таа веднаш престана да плаче и повторно почна нормално да ја користи раката. Мило ми е што ја однесовме бидејќи можевме да направиме поголема штета обидувајќи се самите да ѝ ја вратиме раката на своето место.

„Ја научивме лекцијата!
Мојот сопруг се чувствуваше виновен затоа што несвесно ѝ нанесе болка на нашата ќерка која дотогаш никогаш немала никакви проблеми иако многупати се забавувале така, но како и да е – ја научивме лекцијата и затоа, не ја повторувајте нашата грешка!

Повеќе