Направете здрави гумени бонбони за 5 минути

482

Ако вашите деца ги сакаат гумените бонбони, направете им ги сами, без шеќер и адитиви. Ова е дефинитивно поздрава верзија од омилените гумени бонбони. Сигурни сме дека ќе им се допадне.25/05/20210153

За да направите поздрава верзија од омилените гумени бонбони на вашите деца, ви требаат: желатин, мед, овошје и украсни силиконски калапи за мраз.

Можете да користите желатин од животинско потекло или растителен (агар агар, кој се добива од алги со неутрален вкус), што можете да ги најдете во продавниците за здрава храна. Ви донесуваме два рецепти за гумени бонбони со јагоди и со кокос, но за основните ви требаат само желатин, сок од лимон и мед.

Со јагоди

Состојки:

4 јагоди, 1 лажица свеж сок од лимон, една третина од чаша вода, 3 лажици желатин, 3 лажици мед (можете да користите и природна боја за храна, а како да ја направите, видете ТУКА).

Измешајте ги со миксер или во блендер јагодите, сокот од лимон и водата. Во мало тенџере на тивок оган измешајте ја оваа смеса со желатинот и медот. Кога смесата ќе се изедначи и ќе се стопи, тргнете го тенџерето од шпоретот, наполнете ги калапите со лажица и ставете ги во замрзнувач на 5 минути. После тоа, тие се готови и лесно ќе ги извадите од калапот.

Со кокос

Состојки:

3 лажици желатин, 3 лажици мед, една третина чаша кокосово млеко, 2 лажици вода, 1 лажичка екстракт од ванила и 1 лажица кокосово брашно.

Во мало тенџере измешајте ги сите состојки, освен кокосовото брашно, на пониска температура. Почекајте да се стопат, додадете го кокосовото брашно, измешајте, па наполнете ги калапите со смесата со лажица. Ставете ги во замрзнувач на 5 минути и готови се.

Повеќе