Кошмар: Родителите стравуваат за сурогат бебињата во Украина

Четири австралиски сурогат бебиња се родени во Украина во изминатите два месеци, а уште најмалку 15 треба да се родат помеѓу март и септември. Нивните родители се вознемирени од влошената ситуација во Украина.

650

Во изминатите шест години, Адам и неговата сопруга имале три спонтани абортуси.

Поради сложени медицински проблеми, тие го губеле секое бебе во четвртиот месец од бременоста. Се обратиле до Агенцијата за сурогат мајчинство во Украина, втора по големина дестинација после САД за Австралијците кои бараат помош да основаат семејство.

Нивното бебе се родило минатата недела, неколку дена пред терминот, во Киев, кој се подготвуваше за инвазијата на Русија. Наспроти владините совети, тие се на пат за Украина. Но, откако Австралија ги повлече своите дипломати од земјата, не знаат како да го донесат своето бебе дома.

Четири австралиски сурогат бебиња се родени во Украина во изминатите два месеци, а уште најмалку 15 треба да се родат помеѓу март и септември. Нивните родители се вознемирени од влошената ситуација во Украина.

За да може детето да добие извод од матичната книга на родените, украинските власти бараат двајцата родители лично да бидат таму. Но, без австралиската амбасада, тие не можат да го направат интервјуто потребно за бебето да добие пасош, што значи дека не можат да заминат.

Еден пар обезбедил кинески пасош, бидејќи еден од родителите на бебето е роден таму. Други родители би можеле да ангажираат дадилка да се грижи за бебето додека ситуацијата не се стабилизира. Но, тоа може да значи чекање со недели или со месеци, а овие семејства, кои со години се борат да добијат бебе, очајно сакаат да ги запознаат своите деца.

Тие, исто така, имаат опција да и помогнат на сурогат мајката да се пресели во безбедна соседна земја, но тоа би било во спротивност со договорот за сурогат мајчинство, кој е создаден според украинскиот закон.

„Ова е кошмар“, вели Сем Еверингам, глобален директор на компанијата Growing Families, кој работи со Стејт департментот на изнаоѓање решение. Решението би можело да вклучи договор со британските власти кои сè уште работат во западниот град Лавов, во област која не е спорна. „Овие родители се во ќорсокак, не можат да го остават своето бебе зад себе.

Адам рекол дека тој и неговата сопруга се под голем стрес. Не спиеме навечер. Бевме многу среќни минатата недела, кога се роди бебето. По шест години чекање, сакаме да одиме да го земеме нашето бебе.

Мора да одиме – нема друга опција за нас. Ние не се грижиме за нашата безбедност, ние се грижиме само за спасување на нашето бебе“.

Се надеваат дека британските власти ќе помогнат или австралиските власти со седиште во Полска ќе ги пречекаат на граница за да ги решат документите. Доколку не можат да ги добијат потребните документи, ќе останат во Лавов со други родители кои не можат да ја напуштат земјата со своите бебиња. „Ќе се обидеме да се држиме заедно за да можеме да се поддржуваме и да чекаме“, рекол Адам.

Украина има строги правила кои ги регулираат условите за сурогат мајчинство. Родителите мора да бидат хетеросексуалци и мора да поминат најмалку четири неуспешни рунди на вештачко оплодување. Сурогат мајчинството чини околу 90.000 долари, во споредба со повеќе од 200.000 долари во САД.

Јулија Осиевска, директорка на украинската клиника за сурогат мајчинство Њу Хоуп, која има австралиски клиенти со бебиња кои треба да се родат во април и мај, вели дека се загрижени и жените кои се сурогат мајки.

„Има многу грижи за тоа како ќе бидат платени и какви други проблеми може да се појават“, рекла таа.



Повеќе