Ако не учиш, ќе береш лотоси (ВИДЕО)

Татко од кинеската провинција Хубеи ја принудил својата 11-годишна ќерка да бере лотоси на жештина четири часа за да ѝ покаже што ќе ѝ се случи ако не го заврши училиштето

248

За да ѝ покаже на својата 11-годишна ќерка како напуштањето на училиштето може да влијае на нејзината иднина, татко од кинеската провинција Хубеи ја принудил четири часа да бере лотоси на жештина.

Таткото на девојчето, чие презиме е Је, објаснил дека неговата ќерка почнала да станува незаинтересирана за училиштето, а нејзината наставничка му рекла дека таа не сака повеќе да оди на училиште. Затоа тој ја однел на полето со лотоси, каде што работи нејзиниот дедо. Ја принудил да бере лотоси, со корени, што резултирало со изгореници од сонце. Во видеото објавено на кинеската социјална мрежа Weibou, ќерката на Је плаче и ги брише солзите со својата маица.

„Брзо соблечи ги чевлите и влези во вода. Ако не сакаш да одиш на училиште, мора да се соочиш со реалноста на животот”, ѝ вели нејзиниот татко.

Еден корисник на Веибо, кој тврди дека е учител, напишал дека казната е добра идеја. Тој напиша и дека планира видеото да им го покаже на своите ученици.

Други го критикуваат таткото и сметаат дека отишол предалеку и дека неговата казна е сурова.

Што мислите вие за оваа лекција на таткото од Кина?

Повеќе