Дали и вашето дете прави лом додека јаде? Еве одличен трик

Татко покажал трик за тоа како ја храни својата ќерка без притоа да направи неред, а објавата предизвикала жестока дебата

139

Ако ви здодеа да го чистите подот под детското столче, погледнете го генијалниот изум на овој татко…
Хаосот и нередот што се случуваат за време на секој оброк или хранење на бебето е сосема нормален, бидејќи тоа е главен дел од растењето и развојот на детето. Токму така децата учат да се хранат и да развиваат фина моторика. Иако хранењето е многу забавно, дамките на облеката, теписите и ѕидовите, храната на валканиот под и постојаното собирање и чистење на храната од подот секако не се толку забавни за родителите.

Токму тоа е проблемот кој го натерал еден татко да смисли нешто. Тој го сподели трикот со кој успеал да го направи хранењето на неговата ќерка барем малку поуредно.

Корисникот на TikTok @iamventuredad објави видео на својот профил на кое се гледа како ја става својата тригодишна ќерка Попи во пластична кеса од супермаркет, а притоа, секако, прави отвор за главата и по две дупки на секоја страна за нејзините раце.

Видеото е прегледано повеќе од 300.000 пати и собрало тон коментари.
Освен што идејата е прилично симпатична, Попи изгледа преслатко во креацијата на нејзиниот татко. Ја нарекол негова мала асистентка, а често објавува видеа за нивните заеднички авантури. Иако многумина беа ентузијасти, велејќи дека ќе го искористат трикот, некои беа загрижени за безбедноста.

„Моите родители секогаш ми велеа дека ќе умрам ако ја ставам главата во пластична кеса“, напишал некој, но некои го бранат овој татко велејќи дека оваа торба има четири огромни дупки.

@iamventuredad

Found a use for all the bags under the sink! @B&M Stores #spaghetti #clean #daughter #daddy #love #bag #parents #hack

♬ Funny Song – Cavendish Music
Повеќе