Медитеранската исхрана ја намалува опасноста од каков било негативен исход на бременоста
Бремените жени кои јадат средоземноморска храна имаат за 21 отсто помали шанси за каков било негативен исход на бременоста, 28 отсто помала опасност од прееклампсија и 37 отсто помала можност од гестациски дијабетес, покажа новото истражување.
Ново истражување покажало дека бремените жени кои јадат средоземноморска храна имаат 25 отсто помала веројатност да развијат прееклампсија, а позитивното влијание е особено забележливо кај мајките на возраст над 35 години.
Прееклампсијата значи намалување на протокот на крв низ плацентата. Се одликува со потежок висок крвен притисок и оштетување на црниот дроб или бубрезите. Тоа е забележителна причина за можни компликации, па дури и смрт кај мајката и нероденото бебе. Ја удвојува опасноста од срцев удар, мозочен удар или срцева слабост кај жената, подоцна во животот.
Додека кај некои жени симптомите се благи, во некои случаи состојбата станува толку тешка што е неопходно и предвремено породување.
Оваа состојба погодува една од 14 бремени жени, а меѓу познатите личности тука спаѓаат Ким Кардашијан, Мараја Кери и Софи Елис Бекстор. Научниците од Институтот „Смит Харт” и болницата „Седарс-Синај” во Лос Анџелес, САД, откриле дека бремените жени кои се хранат со овошје, зеленчук, јаткасти плодови, маслиново масло, цели зрна и риба, како дел од средоземноморската исхрана, пројавиле значително помала опасност од потенцијално фатални компликации.
Децата родени од мајки со прееклампсија исто така имаат поголем ризик од развој на висок крвен притисок и срцеви заболувања. Најновиот научен труд објавен во списанието „JAMA”, опфатил податоци од повеќе од 10.000 жени за времето меѓу 2010. и 2013 година.
Наодите покажуваат дека медитеранската исхрана е поврзана со 21 отсто помали шанси за каков било негативен исход на бременост, 28 отсто помала опасност од прееклампсија и 37 отсто помала можност од гестациски дијабетес.