Најмалку две третини од жените во менопауза доживуваат симптоми како што се топли бранови (валунзи), ноќно потење, промени во расположението, раздразливост и замор. Покрај тоа, според Healthline, жените во менопауза имаат зголемен ризик од неколку болести, вклучувајќи остеопороза, дебелина, срцеви заболувања и дијабетес, па многумина се свртуваат кон природни начини за справување со овие проблеми.
За да ги олесните симптомите на менопауза, еве неколку совети кои можат да ви помогнат:
Јадете храна богата со витамин Д и калциум
Хормоналните промени за време на менопаузата може да доведат до слабеење на коските, зголемувајќи го ризикот од остеопороза.
Калциумот и витаминот Д се поврзани со добро здравје на коските, па затоа е важно да внесувате доволно од овие хранливи материи во вашата исхрана.
Адекватниот внес на витамин Д за време на постменопаузата е исто така поврзан со помал ризик од фрактура на колкот поради слаби коски.
Многу намирници се богати со калциум, вклучително и млечни производи како јогурт, млеко и сирење.
Покрај тоа, храната збогатена со калциум е исто така добар извор, вклучувајќи одредени житарки, овошен сок или млечни алтернативи.
Сончевата светлина е вашиот главен извор на витамин Д, бидејќи вашата кожа го произведува кога е изложена на сонце.
Меѓутоа, како што стареете, вашата кожа станува помалку ефикасна во производството на овој витамин.
Јадете многу овошје и зеленчук
Исхраната богата со овошје и зеленчук може да спречи многу симптоми на менопауза.
Овошјето и зеленчукот се нискокалорични и можат да ви помогнат да се чувствувате сити, па затоа се одлични за слабеење и одржување на тежината.
Тие исто така можат да помогнат во спречување на голем број болести, вклучително и срцеви заболувања, што е важно бидејќи ризикот од срцеви заболувања се зголемува по менопаузата.
Ова може да се должи на фактори како што се возраста, зголемување на телесната тежина или евентуално намалено ниво на естроген.
Јадете храна богата со фитоестрогени
Фитоестрогените се природни растителни соединенија кои можат да ги имитираат ефектите на естрогенот во телото. Затоа, тие можат да помогнат во балансирање на хормоните.
Се смета дека високиот внес на фитоестрогени во азиските земји, како што е Јапонија, е причината зошто жените во менопауза во тие региони ретко доживуваат топли бранови.
Храна богата со фитоестрогени се: соја и производи од соја, тофу, ленено семе, сусам, грав.
Едно истражување покажало дека исхраната богата со соја е поврзана со намалени нивоа на холестерол, понизок крвен притисок и намалена сериозност на валунзите и ноќното потење кај учесничките кои почнуваат да влегуваат во менопауза.
Пијте доволно вода
Дехидрацијата е често проблем за време на менопаузата, која веројатно е предизвикана од намалување на нивото на естроген.
Пиењето од 8 до 12 чаши вода дневно може да помогне со овие симптоми. Водата за пиење може да ја намали и надуеноста која може да се појави поради хормоналните промени.
Во текот на денот потребно е да се испијат најмалку два литри вода.
Покрај тоа, водата може да помогне да се спречи зголемување на телесната тежина и да помогне во губење на тежината со тоа што ќе ви помогне да се чувствувате посити и малку да го забрзате вашиот метаболизам.
Не прескокнувајте оброци
Редовните оброци можат да бидат важни кога минувате низ менопауза.
Неправилната исхрана може да влоши одредени симптоми на менопаузата и да го отежне одржувањето на добра телесна тежина.
Едногодишната програма за следење на промените во тежината кај жените во постменопауза открила дека прескокнувањето оброци е поврзано со 4,3% помалку губење на тежината.