Ако носите градници со жица, бидете внимателни! На жена морале да ѝ отстранат дел од градата, а причината е страшна…

Педесетитригодишна жена од Лервик, Шетланд, верува дека металот во жицата на градникот ѝ ја предизвикал повредата на градата која се развила во опасна бактериска инфекција – некротизирачки фасциитис.

379

Странските медиуми јавуваат дека Силвија Халкроу (53) од Лервик, главен град и пристаниште на архипелагот Шетланд, паднала во осумдневна кома откако смртоносна бактерија која јаде месо и ткиво ѝ ги нападнала градите. Работата да биде уште полоша, таа смета дека за тоа е виновен градникот односно, металната жица во него.

Таа верува дека металот во жицата на градникот предизвикал повреда која се развила во опасна бактериска инфекција – некротизирачки фасциитис. Некрозата на сврзната мембрана е сериозна бактериска инфекција на меките ткива.

Медицинскиот прирачник за оваа болест вели:

Некротизирачки фасциитис е исклучително тежок облик на целулит кој го уништува заразеното поткожно ткиво. Оваа инфекција е предизвикана од особено опасен вид на стрептокок. Се стекнува на ист начин како и секој друг целулитис, но продолжува да го уништува ткивото со голема брзина (некои ја нарекуваат „болест што јаде месо“). Кожата станува виолетова и може да се развијат големи меурчиња исполнети со течност (були) и гангрена. Лицето обично се чувствува многу лошо и има треска, забрзано чукање на срцето и страда од збунетост до несвестица. Крвниот притисок може да падне поради тоа што во инфицираното подрачје се одлеваат големи количини течност.

Некротизирачкиот фасциитис се третира со антибиотици и хируршко отстранување на мртвото ткиво. Во некои случаи, погодената рака или нога мора да се ампутираат. Смртноста е околу 30%. Постарите лица со други медицински проблеми и оние кај кои болеста достигнала напредна фаза имаат лоша прогноза.

Силвија се сеќава дека лекарите со денови правеле тестови за апсцес на десната града. На крајот ѝ била дијагностицирана болеста и ѝ било кажано дека нејзините органи почнале да се исклучуваат. Веднаш била закажана итна операција. По операцијата паднала во кома и се разбудила осум дена подоцна со изваден дел од градите и лузна од 38 сантиметри која се протегала од ребрата до под раката.

„Малку недостасуваше да не го преживеам тоа, па навистина сум многу благодарна. Страшно е да се помисли дека градникот го предизвикал ова. Сега се префрлив на друг тип на градници, оној без жици, за секој случај“, вели таа.

По три недели поминати во болница, Силвија конечно била пуштена дома. Се вратила на работа четири месеци подоцна.

Повеќе